Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар мора да има ред во паркирањето

Објавено October 2, 2025 17:56
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, ја истакна својата решителност да стави крај на хаосот во паркирањето кој со години го обременува секојдневието на граѓаните.

„Во Центар паркира кој каде ќе стигне. По тротоари, велосипедски патеки, до контејнери. Општината стана симбол за општ хаос и небезбедни простори за движење. Во нашата општина секојдневно циркулираат неколкукратно повеќе возила од тие што се во сопственост на жителите. За да паркираш тука треба да си магионичар,“ изјави Лабудовиќ.

Тој нагласи дека проблемот е јасен – Центар има очајна потреба од зголемување на капацитетот на паркинг места, но и од воспоставување нов систем кој ќе донесе ред и еднакви можности за сите.

„Ќе го прошириме капацитетот на постоечките паркинзи и ќе изградиме нови катни гаражи на најфреквентните локации. Но, ќе воведеме и смарт-паркинг систем со дигитална контрола и фер наплата. Така ќе дадеме еднакви можности за сите “ додаде Лабудовиќ.

Тој потенцираше дека клучната цел е воспоставување ред: „Паркирање по тротоари и велосипедски патеки не смее да има. Центар мора да има ред во паркирањето!“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Дигиталните реформи се двигател на подобри услуги и помалку бирократија за граѓаните
Следна Статија Газдата на „Дурмо турс“ и уште еден обвинет се уште не се во затвор оти имале проблеми со тестисите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври

Последни денови од годишните одмори бројат многумина наши сограѓани кои ќе се вклучат во изборните активности за локалните избори во…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски излегоа дека се вистинити. Фирмата Марковски која во период од 2…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски од Собрание: Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ja добивме со 3-0

Смешно е кога се прават теории на заговор за некакви оски во услови кога затекнавме катастрофална состојба во Железницата. Слушавме…

November 28, 2024
ПОЛИТИКА

Докторот Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го предложи д-р Александар Трајановски за нов потпретседател на партијата. Предлогот…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?