Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс
ПОЛИТИКА

Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Објавено October 3, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Аеродром.

„Економските политики се катастрофални, просечната плата три месеци се намалува, за повеќе од половина се намалени странските инвестиции, паѓа индустриското производство, се намалува бројот на вработени“, рече Филипче.

Тој предупреди дека сериозно е влошена состојбата со ликвидноста на илјадници компании кои се доведени во криза и доцнат со исплата на плати.

„Околу 12.000 фирми доцнат со исплата на платите. Повеќе илјади фирми чекаат поврат на ДДВ, а во наше време тоа се исплаќаше во истиот ден и час кога требаше да се случи. Сериозно е нарушена ликвидноста на компаниите, стопанството, поради тоа што државата и општините не ги вршат навреме исплатите.“

Во обраќањето, Филипче нагласи дека власта ги изневери сите граѓани, вклучително и пензионерите.

„Денеска на виделина излезе уште една лага, а тоа е за пензионерите – само 1.000 денари зголемување. Над 97% од вкупниот број на пензионери кои сега земаат само 1.000 денари, требаше по нашата методологија да земат 2.000 денари“, рече Филипче.

На граѓанската трибина тој порача дека не постои ниту една област во која ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали со резултати.

„Ваква ненародна Влада, мислам дека држава, нема една сфера во која што е добро. Нема еден проект, една работа за која може да се пофалат“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Овој хаос, како што кажа Филипче е резултат на нефункционалната и незаинтересирана Влада на ВМРО ДПМНЕ.

„Тоа е само доказ за една незаинтересираност и некапацитетност на оваа Влада која нема намера да направи и да имплементира ниту една политика во интерес на граѓаните и државата.“ рече Претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“
Следна Статија Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори

Предлог-препораките за македонските учебници за VII одделение, како и за евентуални заеднички чествувања биле тема на разговор на 36. средба…

June 13, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека партијата…

March 31, 2026
ПОЛИТИКА

Три пратенички места остануваат празни

На тројца пратеници од Собранието официјално им престана пратеничкиот мандат, откако беа избрани за градоначалници на Локалните избори 2025. Државната…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови

Имајќи ја во предвид чувствителноста на прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавната стабилност, како и појавата на лажните информации,…

December 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?