Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

Објавено October 3, 2025 17:26
Сподели
Сподели

„Несомнено, квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни во носењето на кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност. Затоа, Народната банка своите одлуки секогаш ги темели на робусни докази засновани на детални емпириски истражувања, статистички анализи и квалитетни податоци, коишто го одржуваат и јакнат нејзиниот кредибилитет. А во време на глобални неизвесности и повеќе последователни кризи, токму силниот кредибилитет претставува најмоќната алатка за успешно остварување на целите на монетарната политика“. Ова го порача гувернерот Трајко Славески во своето воведно излагање на годишната конференција „Применети економски истражувања: патот кон оптимални национални стратегии и политики во турбулентни времиња“ организирана од страна на Балканската асоцијација на економисти во применета економија, во соработка со и поддржана од Економскиот факултет – Скопјe при УКИМ и Сојузот на економисти на Македонија.

Славески се осврна на анкетното истражување на Global central banking околу главните приоритети на централните банки, оперативните поставености и, следствено нивните истражувачки активности во следниот период.

„На прво место е финансиската стабилност, при што над 45% од централните банки даваат приоритет на финансиската стабилност и отпорноста, во контекст на тековните глобални предизвици. На второ место е справувањето со инфлацијата, при што мерките што ги преземаат централните банки се во насока таа да се сведе на историските нивоа од околу 2%. Третата област е кибер-безбедноста и вештачката интелигенција, коишто се новите предизвици пред кои што се исправени централните банки“, истакна гувернерот Славески.

Во фокусот на истражувањата се и дигиталната трансформација, вклучително и воведувањето на дигиталните валути коишто сѐ помасовно стануваат дел од стратегиите на централните банки.

Славески посочи дека носењето на одлуки базирани на докази е неопходно за централните банки успешно да ја извршуваат својата функција во комплексноста на денешните економии, особено во услови на епизоди на висока инфлација, брзи технолошки трансформации, огромна неизвесност и гео-економска дезинтеграција.

Во своето обраќање тој порача дека Народната банка посветено и во континуитет работи на подготовка на напредни и сеопфатни истражувања и анализи, коишто претставуваат еден од главните чинители при носењето на одлуките со кои се одржува севкупната макроекономска и финансиска стабилност на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски-Мацут: Србија е искрен партнер и пријател со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан
Следна Статија Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска, таа го ослободи Заев за „Поткуп“, а судеше и за Ласкарци и за „Сопот“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дистанцата на обложувалниците од училиштата не е решение: Приредувачи на игри на среќа против новиот закон

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа го прифаќа ограничувањето на рекламирањето, но остро се противи на предлогот објектите за…

May 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Како Јенсен Хуанг од мијач на садови стана извршен директор на една од најголемите технолошки компании во светот

„Ја планирав мојата работа. Бев организиран. Бев точен. Напорно миев садови“, раскажа Џенсен Хуанг, извршен директор на технолошката компанија „Нвидија“,…

August 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Катастар: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите

Секој граѓанин својата недоумица и прашање од областа на катастарското работење ќе може да ги постави до вработените од Агенцијата…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?