Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата
МАКЕДОНИЈА

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

Објавено October 3, 2025 17:42
Сподели
Сподели

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени реони во градот, привремено останаа без топлинска енергија на 2 и на 3 октомври. До официјалниот почеток на грејната сезона на 15 октомври, сите дефекти ќе бидат отстранети, велат од Владата.

„Во текот на летниот ремонт, помеѓу двете грејни сезони се вршеше напрегање на дистрибутивната мрежа, активност која била занемарена со години, со цел откривање на дефекти и нивна санација. Во рамките на тие активности, откриени се околу 80 дефекти и истите се целосно санирани. Сепак, староста на мрежата не ја исклучува можноста од појава на нови дефекти, па така по серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени реони во градот, привремено останаа без топлинска енергија на 2 и на 3 октомври. До официјалниот почеток на грејната сезона, сите дефекти ќе бидат отстранети“, се наведува во соопштението.

Топлинската мрежа, со која управува АД ЕСМ на територијата на градот Скопје, датира од средината на шеесеттите години од минатиот век. Од Владата велат дека доцнењето на инвестициите во оваа застарена инфраструктура во изминатите години, претставува значителен ризик за целокупниот систем за снабдување со топлинска енергија.

„За да се одговори на овие предизвици и да се обезбеди стабилно, долгорочно решение, програмата на Владата вклучува сеопфатни планови за развој, модернизација, ревитализација и проширување на мрежата за централно греење во Скопје. Подобрувањето и надградбата на системот за дистрибуција на топлинска енергија во Скопје се формално внесени во листата за планирање на инвестиции во рамки на Реформската агенда – План за раст за периодот 2024-2027 година, како предлог-инвестициски проект од областа на „Чиста енергија““, велат од Владата.

Од таму додаваат дека оваа голема инвестиција има за цел значително да ја зголеми енергетската ефикасност, што ќе ја подобри целокупната состојба во делот на топлинската енергија, ќе поддржи зголемен конзум, и што е најважно, ќе придонесе за намалување на аерозагадувањето и зголемена стабилност на електроенергетскиот систем.

„На крајот, модернизацијата и оптимизацијата на системот за централно греење ќе резултираат со поголема енергетска независност и намалена зависност од увоз на електрична енергија. Подготвителните активности за реализација на овој проект се во тек“, велат од Владата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Сообраќајниот хаос во Чаир ќе го решаваме со проширување на булеварот и монтажно паркиралиште
Следна Статија Николоски од Новаци: Гласајте за бројот 9, бројот кој што ќе ја промени иднината на пелагонискиот регион

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Што купуваме и што јадеме – Уништени 37 тони храна со поминат рок

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна контрола кај оператор со храна, запленија и…

November 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања кон Израел и Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки

Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа таблети Jardiance од 25 мг…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?