Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Огнен Ивановски освои престижна награда за значаен придонес во областа реконструктивна урологија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Огнен Ивановски освои престижна награда за значаен придонес во областа реконструктивна урологија
ЗДРАВЈЕ

Д-р Огнен Ивановски освои престижна награда за значаен придонес во областа реконструктивна урологија

Објавено October 4, 2025 10:54
Сподели
Сподели

На годишниот заеднички конгрес на Европската асоцијација на генито-уринарни реконструктивни хирурзи (ESGURS) и Европската асоцијација за андролошка урологија (ESAU), кој се одржа во Торино, Италија, највисокото признание за најдобра видео презентација му беше доделено на д-р Огнен Ивановски од Универзитетската клиника за урологија во Скопје.

Во фокусот на наградената презентација е ретка и комплексна хируршка процедура на генитална реимплантација и реконструкција, самостојно изведена од д-р Ивановски и документирана преку видео-снимка, направена во една од операционите сали на Клиниката. Ова е наедно прв видео запис во светот кој ја документира и детално ја објаснува оваа хируршката техника.

.

ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија – Скопје

Пациентот е следен цели три години после операцијата, со одлични резултати и без значајни компликации. Помеѓу бројните пријави од водечки европски и светски експерти, трудот на д-р Ивановски беше избран и препознаен како најзначаен придонес во областа на реконструктивната урологија за 2025.

„Оваа награда за мене е поттик да продолжам со уште поголема посветеност во интерес на пациентите и развојот на науката“, истакна д-р Ивановски по доделувањето на наградата.

Со ова признание, Универзитетската клиника за урологија во Скопје и нашата земја уште еднаш докажаа дека можат да бидат рамноправен партнер со најпрестижните европски и светски медицински центри.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Раперот Шон „Диди“ Комбс осуден на четири години и два месеци затвор
Следна Статија Николоски: Автопатот Прилеп-Битола многу ќе значи за општина Могила, затоа што ќе се зголеми протокот на возила и ќе се подобрат условите за бизни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Меџити: Азир Алиу предлог за нов министер за здравство

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН денеска пред почетокот на Централното…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Беќаровски по пожарот во Трубарево: Во Македонија сме само тројца супспецијалисти-клинички токсиколози

Пожарот во Трубарево предизвика бројни полемики во јавноста, но и коментари на социјалните мрежи. Иако вообичаено на големи теми сме…

September 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

МЗ: Извршена е трансплантација кај пациент, со руптура на преден вкрстен лигамент

Извршена е трансплантација кај пациент на 28 годишна возраст, со руптура на преден вкрстен лигамент на десно колено, кај кој…

February 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Николов: На пациент повреден во пожарот во Кочани му е направена трансплантација на лице

На пациент повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се лекува во еден во центрите во странство му…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?