Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија
БАЛКАН

ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија

Објавено October 6, 2025 13:32
Сподели
Сподели

Пронајдени се телата и на преостанатите двајца хрватски планинари кои вчера беа затрупани од снежна лавина под врвот на планината Тоск (2.275 метри надморска височина) во Јулиските Алпи во Словенија, јави словенечката агенција СТА.

Лавината вчера наутро однесе тројца планинари од Хрватска, а во текот на денот беше пронајдено телото на едниот од нив.

Претседателот на Шумската спасувачка служба на Бохињ, Миха Арх, кој ја води потрагата во која учествуваа повеќе од 70 спасувачи, изјави денеска дека лавината ги одвлекла планинарите во тесен клисурест предел околу 350 метри подолу.

На местото на несреќата денеска пристигнаа и министрите за внатрешни работи на Словенија и Хрватска, Боштјан Поклукар и Давор Божиновиќ.

Група од седум хрватски планинари вчера тргнала кон врвот на Тоск, но четворица се откажале поради лошите временски услови, додека тројцата загинати продолжиле со искачувањето.

Словенечката Шумска служба за спасување и полицијата ги предупредија планинарите овие денови да не одат во Јулиските Алпи, бидејќи временските услови се неповолни, снегот е тежок и мокар, а опасноста од лавини е исклучително висока.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали е легално да се вршат градежни работи во трета смена, по 22 часот?
Следна Статија Алиу: Ќе се менуваат 12 закони, за да може процесите во здравството да не се кочат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати

Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија…

October 4, 2024
БАЛКАН

Oва е Србинот што го уби дизајнерот на Ролс Ројс

Никола Здравковиќ (22) од околината на Велико Градиште во јули беше уапсен под сомнение дека е убиецот на Јан Камерон…

October 7, 2024
БАЛКАН

Објавен тендер за избор на изведувач за модернизација на граничниот премин Евзони

Архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти, подобрување на сообраќајната инфраструктура и организирањето на сообраќајот, зголемување на капацитетот и квалитетот…

February 5, 2026
БАЛКАН

(ВИДЕО) Објавена снимка од воздух од уништената Јабланица, голема потрага по исчезнатите

Утрово спасувачите ја почнаа потрагата по исчезнатите во селото Доња Јабланица во северниот дел на Херцеговина, кое беше затрупано од…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?