Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Модерен конгресен центар, нов саем во Скопје, Шукова најави и решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Модерен конгресен центар, нов саем во Скопје, Шукова најави и решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда
ПОЛИТИКА

Модерен конгресен центар, нов саем во Скопје, Шукова најави и решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда

Објавено October 7, 2025 13:36
Сподели
Сподели

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни инфраструктурни проекти што ќе го трансформираат главниот град во модерен, уреден и економски активен центар.

„Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро, со јасни цели и вистински проекти што носат промени,“ изјави Шукова пред граѓаните.

Во фокусот на таа визија, како што истакна, е изградбата на модерен Конгресен центар – инфраструктура што ќе го отвори Скопје кон светот и ќе го постави на мапата на европски конгресни дестинации. Проектот, според неа, претставува економски, туристички и културен ресурс со кој градот ќе може да биде домаќин на меѓународни конференции, научни и професионални собири и големи културни настани.

Паралелно со Конгресниот центар, Шукова најави и изградба на нов Скопски саем во Гази Баба, со што оваа општина ќе добие нова стратешка позиција како регионален центар за бизнис, иновации и туризам. Новиот саем, според најавите, ќе има модуларни хали, конференциски сали, културни и комерцијални содржини, како и простор за мали и средни претпријатија и креативни сектори.

„Овој проект отвора нови пазари, ги поврзува локалните производители со странски партнери и создава услови младите да останат и да работат токму тука, во Скопје,“ додаде Шукова.

Таа најави и решение за сообраќајниот хаос во Автокоманда, каде што ќе се изградат три катни гаражи. Две од нив ќе бидат наменети за жителите, со сигурни и достапни паркинг места, а третата за вработените во околните компании, со цел да се ослободи јавниот простор и да се намали метежот.

„Со овие мерки го враќаме просторот на граѓаните, ги ослободуваме тротоарите и го подобруваме квалитетот на живот,“ нагласи Шукова.

Според неа, ова е визија за Скопје што поврзува, што е добар домаќин и што создава вредност – за граѓаните, за економијата и за државата.
„Ова е визија за град што има иднина, и ние сме подготвени таа визија да ја реализираме,“ заклучи Шукова

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пукање пред Општина Куманово, ранет кандидат за советник на ДУИ, полицајци со панцири ја блокираа општината
Следна Статија Ѓорѓиевски: Бутел ќе добие кружен тек, пробивање на нови улици, мега парк и уште многу други проекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Mицкоски потсети: Државата ја наследивме како запуштена куќа, без покрив и со празни сметки

Пред нас е време на пресврт, време кога зборовите ќе донесат резултати и кога ветувањата ќе се мерат со дела,…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ЕК извештајот констатира дека судиите често избегнуваат одговорност преку правни лавиринти и застарување на предметите

На денешната собраниска комисија за политички систем, пратеникот Бране Петрушевски, се осврна на состојбата во судството. За истото има низа…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ на Конгрес ќе бира ново партиско раководство

СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес, каде се очекува да биде избрано новото раководство на партијата, односно новите членови…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

Докторот Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го предложи д-р Александар Трајановски за нов потпретседател на партијата. Предлогот…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?