Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лабудовиќ: Центар ќе биде современа и дигитална општина (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лабудовиќ: Центар ќе биде современа и дигитална општина (ВИДЕО)
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: Центар ќе биде современа и дигитална општина (ВИДЕО)

Објавено October 7, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Современа и ефикасна општина не се гради само со улици, паркови и згради – таа се гради со доверба. Доверба меѓу граѓаните и институциите, доверба во секоја одлука и во секој потрошен денар.
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, најави дека еден од неговите најважни приоритети ќе биде воведување на целосно нов систем на дигитална и транспарентна администрација.

-Нашата цел е Центар да стане најтранспарентна општина во државата. Граѓаните заслужуваат да знаат што, каде и како се работи со нивните пари. Затоа ќе ја воведеме апликацијата „Моја општина“ – дигитален сервис што ќе овозможи директна и отворена комуникација меѓу општината и жителите, изјави Лабудовиќ.

Преку апликацијата, секој граѓанин ќе може лесно да пријави проблем, да постави прашање, да добие конкретен одговор и да ги следи активностите во реално време. Во неа ќе бидат достапни сите информации за функционирањето на општината – од состојбата со паркинг-местата и јавните услуги, до тековни проекти, тендери и буџетски трошоци.

Особено внимание ќе биде посветено на воведување на системот „Отворен буџет“, преку кој јавноста ќе има постојан увид во распределбата на општинските средства. На едноставен и транспарентен начин, секој жител ќе може да провери каде завршува секој денар – од проектите за хигиена и инфраструктура, до урбанистички и еколошки програми.

-Транспарентноста не смее да биде формалност. Таа мора да стане темел на модерното управување. Со редовно објавување на сите трошоци, договори и реализирани активности, ќе изградиме нов систем на доверба. Центар ќе биде општина која комуницира со своите граѓани – јавно, отворено и одговорно, нагласи Лабудовиќ.

Покрај тоа, се планира и воведување на дигитален контакт-центар и систем за известување во реално време, преку кој граѓаните ќе можат брзо да добиваат важни информации – за сообраќајот, јавните настани, хигиената и сите тековни активности во нивното маало.

Со овие решенија, Центар ќе стане пример за модерна, дигитална и отчетна општина – општина во која технологијата ќе биде во служба на луѓето, а секоја одлука ќе биде јавна, достапна и проверлива.

-Ние сакаме Центар да биде место каде граѓаните не чекаат одговори – туку ги добиваат веднаш. Општина која не се крие зад бирократија, туку ја користи дигитализацијата за да служи подобро, побрзо и почесно. Така се гради доверба, така се гради вистинска заедница, порача Лабудовиќ.

Според визијата на кандидатот, Центар ќе ја врати изгубената врска меѓу институциите и граѓаните, претворајќи ја во модел на управување за целата држава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извозот зголемен за 1,8 отсто: Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија
Следна Статија Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа ниту од криминалот во РЕК Битола. Десетици милиони евра испумпаа фирми…

December 7, 2024
ПОЛИТИКА

ВИДЕО Филипче вели дека „златната виза“ ја добил зашто преговарал за работа во болница во Дубаи

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во вчерашниот подкаст „Политиканти“ изјави дека поседува т.н. „златна виза“ во Обединетите Арапски Емирати, но…

May 10, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е…

August 9, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачки со повик: Во тек е генерален реизбор на претседатели, вратите се отворени за секој кој има визија и храброст

ВМРО-ДПМНЕ е жива структура, која константно расте, се надоградува и развива. ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија затоа што е отворена за…

February 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?