Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За една година, цените на храната во кафеаните зголемени за 7,5%, а на алкохолот за 9%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За една година, цените на храната во кафеаните зголемени за 7,5%, а на алкохолот за 9%
ЕКОНОМИЈА

За една година, цените на храната во кафеаните зголемени за 7,5%, а на алкохолот за 9%

Објавено October 7, 2025 14:33
Сподели
Сподели

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не забележале промени во однос на претходниот месец, но во споредба со тој месец минатата година има значителен раст.

– Цените на угостителските услуги во септември 2025 година во однос на тој месец од претходната година се зголемени за 4,7% – објави Државниот завод за статистика.

Тие укажуваат дека цените на угостителските услуги во периодот јануари – септември 2025 година во однос на тој период од минатата година се зголемени за 5,2%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1,9%.

Иако нивните податоци покажуваат дека цените во угостителството, по групи во септември 2025 година, во однос на август 2025 година биле зголемени кај групата безалкохолни пијалаци за 0,1%, а кај групите храна, алкохолни пијалаци и ноќевања не биле забележани промени, имало големи промени во однос на тој месец минатата година.

Па така, кај храната, порастот на цените бил 7,5%, кај групата алкохолни пијалаци поскапувањето на годишна основа било дури 9,1%. Кај безалкохолните пијалаци, цените во рестораните се зголемиле за 6,1%, додека кај ноќевањата имало намалување на цените во споредба со тој месец минатата година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз
Следна Статија Ваков влез во сезона Милан немале 20 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Зајакнување на меѓународната енергетска соработка и нови инвестиции во регионот

Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој – IFESD-14, кој оваа година се одржа во Скопје,…

October 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: По реконструкција на Коридорот 10, патничките возови со брзина од 160км/ч

Инфраструктурен бум најавува премиерот Христијан Мицкоски. Реконструкција на Коридорот 10 во железницата што ќе доведе до побрз транспорт на патници…

May 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

Народната банка навреме ги препозна ризиците од климатските промени и зазеде проактивен став вклучувајќи ги климатските ризици и придонесот кон…

December 13, 2024
ЕКОНОМИЈА

Годишната стапка на инфлација во Германија значително се намали на 1,8 проценти во декември

Годишната стапка на инфлација во Германија, според прелиминарните проценки, се намали од ноемвриските 2,3 проценти на 1,8 проценти, додека стагнираше…

January 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?