Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието
МАКЕДОНИЈА

Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието

Објавено October 9, 2025 16:07
Сподели
Сподели

Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието – од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто од младите опфатени со истражување чии наоди денеска беа презентирани на финалниот настан од проектот „Зајакнување на младите во  Македонија: клучна алка во градење општество без корупција“ што го спроведува Аналитика тинк тенк во партнерство со Организација на жени од Струмица и Иницијатива за граѓанска интеграција (ИГИ) – Гостивар.

Од анкетираните млади, 51 отсто би пријавиле корупција ако постојат безбедни и доверливи механизми, што значи дека тие сакаат промени и бараат алатки за да дејствуваат – беше посочено на настанот што го организираше Аналитика тинк тенк со поддршка од ZIVIK Funding Programme и Германското Сојузно Министерство за надворешни работи.

Проектот опфатил теренско испитување на околу 500 млади од 16 до 29 години (од средни училишта и од факултети) од три плански региони – Скопскиот, Полошкиот и Југоисточниот регион, односно градовите Скопје, Гостивар и Струмица.

Според наодите, младите јасно ја идентификуваат корупцијата како системски проблем: најмалку доверба имаат во судството, политичките партии и администрацијата. Само 8 проценти веруваат дека институциите навистина се борат против корупцијата, 69,6 отсто признале дека корупцијата ги демотивира и ја урива вербата во трудот и знаењето, а 70 проценти сметаат дека темата за корупција речиси и не постои во наставата.

Истражувањето покажало дека младите се подготвени да бидат дел од решението затоа што половина од нив би пријавиле корупција доколку постојат безбедни и доверливи механизми. Оттаму пораката на организаторите дека „младите не се проблемот, тие се решението“ и оти е време „институциите да им дадат вистински простор, поддршка и сигурни механизми за нивниот глас да се слушне“.

Токму затоа, во рамките на проектот е развиена мобилна апликација „Глас против корупција” која им овозможува на младите полесно да препознаваат и пријавуваат случаи на корупција. Таа нуди практични совети, информации и можност за анонимно пријавување.

Маја Христовска од „Аналитика тинк тенк“ изјави дека проектот се имплементирал шест месеци со цел да ја подигне свесноста меѓу младите за штетните влијанија и последици од корупцијата.

-Горди сме што овој проект ни овозможи да креираме и да пуштиме во употреба мобилна апликација која овозможува анонимно пријавување на корупција, но содржи и едукативни материјали кои младите можат да ги користат во нивниот формален или неформален образовен систем, рече Христовска.

Анета Филипоска од ИГИ-Гостивар, партнер во проектот, рече дека охрабрувачки е фактотот што половина од анкетираните млади изјавиле дека би пријавиле корупција.

-Токму затоа е креирана апликацијата, со директни линкови до Антикорупциската комисија и пријавувањето е анонимно. Таа е активна од денеска, се надеваме дека ќе биде функционална, додаде Филипоска.

Во воведно обраќање Милка Тримчевска, директорка на Бирото за развој на образованието, го поздрави проектот и истакна дека за справување со корупцијата не се доволни закони и механизми, туку е потребно да се изгради свест затоа што „борбата со корупцијата е заедничка одговорност“.

-Став и култура на чесност – и тоа почнува со образованието. Младите луѓе не се рамнодушни кон корупцијата, тие ја препознаваат, ја осудуваат, сакаат да живеат во општерство во кое успехот се темели на знаење и труд, а не на привилегии. Но, за да можат да го направат тоа, потребна им е поддршка, насока и, секако, знаење, а тука својата улога ја има образованието и училиштата, истакна Тримчевска.

Посочи дека БРО презело насоки и затоа темите за интегритет, почитување и одговорност се дел од наставните програми (во основно во предметите Општество и Граѓанско образование, а во средно образование се застапени и во слободните изборни предмети).

-Сепак, искуството покажува дека антикорупциското образование не може да биде повремено или несистематски присутно во наставата. Тоа мора да стане континуиран процес што ги вклучува сите учесници, рече директорката на Бирото, додавајќи дека за таа цел се потребни обуки на наставниците и дополнителни образовни материјали и активности кои ќе ја направат темата разбрлива и блиска до младите.

Во рамки на спроведувањето на проектот, покрај теренското анкетирање на младите, биле организирани младински форуми и обуки што резултирало со развој на мобилната апликација „Глас против корупција”.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бранко Тричковски јавно му посака смрт на премиерот Христијан Мицкоски
Следна Статија Детали за акцијата: Уапсени вкупно 6 лица за криминал во РЕК Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Валенсија: Македонскиот народ заслужува фер третман и почит за својата посветеност на европскиот пат

Голема чест беше да се обратам на Конгресот на ЕПП, меѓу лидери посветени на слободата, демократијата и одговорното владеење, рече…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување

Министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали: Како судијата криел 350.000 евра во ѕид?

На 20.01.2026 Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги објави конечните резултати за 44 општини: Во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во рамки на продолжението на 150- седница ги објави конечните резултати од Локалните избори за…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?