Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
МАКЕДОНИЈА

Шаини: Мојата сопруга не е вмешана

Објавено October 10, 2025 13:40
Сподели
Сподели

Докторот Зекирија Шаини на денешната прес-конференција во Куманово ги отфрли како неосновани и невистините тврдењата дека зад неговиот случај стои неговата сопруга Арјета Ајдини и побара од истражните органи во итно да ја расчистат ситуацијата и да го откријат вистинскиот осомничен за случајот. Шаини во изјавата за медиумите кажа дека нема информација и сознанија за „мотивите за атентатот“ и е подготвен за соработка за целосна разрешница на случајот.

Шаини беше застрелан на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во центарот на Куманово пред три дена околу 14 часот. Тој рече дека по информациите пренесени од органите, преку социјалните мрежи и медиуми, чувствува морална и професионална обврска, јавно да реагира и да ја информира јавноста.

Шаини рече нема информација и сознанија за мотивите за „атентатот“, дека како претходно објавил на социјалните мрежи и по неговата првична изјава пред истражните органи, и денес пред јавноста, нема нерасчистени сметки со никого, никому не го загрозил животот, приватност или нешто друго.

– Целосно го отфрлувам како неосновани и невистинити тврдењата дека за ова стои госпоѓата Арјета Ајдини, затоа барам од истражните органи под итно да ја објаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а посебно имиџот на г-ѓата Ајдини. Овој случај за жал се претставува со јасна намера за дискредитација на мене и моето семејство како и за создавање збунетост и заблуда во јавноста. Барам од истражните органи, на редот, апелирам до нив да се зафатат со откривање на вистинскиот осомничен за случајот, а не настанот да го прикажат како семејна расправија или недоразбирање, бидејќи доколку навистина ќе беше така како што се престасува во јавноста, јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа. Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со нашите ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане, рече Шаини.

Тој ги замоли медиумите во интерес на точно, објективно информирање и во духот на почитување на професионалните и етичките стандарди на новинарството, да го објават ова објаснувањето, го повика органите на прогонот да продолжат со откривање на вистинскиот сторител на овој чин, укажувајќи дека стои располагање секогаш кога ќе биде потребно да помогне за расчистувањето на случајот, бидејќи лично е заинтересиран случајот што побрзо да добие епилог и вистината да излезе на виделина.

-Апелирам до политичките субјекти, да не брзаат со изјави да не го користат овој случај за политички поени, особено во овие моменти на кампања за локалните избори, рече Шаини.

Одговарајќи на новинарски прашања за кривична пријава против сопругата која му испраќала заканувачки пораки, Шаини рече дека се што имал прочитал и кажал и повтори дека стои на располагање на ОЈО, МВР, судот.

– Ви благодарам што дојдовте, ако имам потреба ќе ве викнам за да се разјасни целата ситуација, не кријам ништо, за што бев животозагрозувачки, не кријам и не сакам да заштитам никого. Ќе одиме до крај за да се разјасни работата. Ја ќе продолжам со главата горе, од никого не се плашам, зашто лошо никому немам сторено ќе се појавам на митингот вечерва се што кажав, кажав-ќе прочитаат меѓу редови, изјави Шаини.

Од ЈОРСМ денеска информираа дека денеска е доставена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот.

– Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат. Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија, информираа од ЈОРСМ.

Од обвинителството објаснуваат до овој момент ова е единствена пријава.

– Индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето сè уште се проверуваат, додаваат од обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп извиси: Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела
Следна Статија Алиу: Девет хирурзи беа на обука во Турција за трансплантација на бубрзи и црн дроб, дарувањето орган претставува највозвишен акт на хуманост и солидарност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За Муцунски Протоколот со Бугарија е еден од најштетните документи во нашата историја

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека развојот на состојбата со  иницијативата за оценување на уставноста и законитоста …

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил, не го правам тоа за П.Р.

И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои…

March 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новата градинка во Сопиште е потврда дека се грижиме за најмладите

Нова детска градинка денеска беше пуштена во употреба во Општина Сопиште. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на настанот, истакна дека…

January 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?