Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со Сиљановска-Давкова, Мицкоски и Гаши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со Сиљановска-Давкова, Мицкоски и Гаши
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со Сиљановска-Давкова, Мицкоски и Гаши

Објавено October 10, 2025 15:26
Сподели
Сподели

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги посети партнерите на ЕУ од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда попладне ќе престојува во Скопје, соопшти денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.

Пињо информира дека за време на престојот во Скопје, Фон дер Лајен ќе има одвоени средби со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Својата годишна западнобалканскиа турнеја Фон дер Лајен ќе ја започне в понеделник од Тирана, каде ќе има средби со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама, по што ќе се обрати на отворањето на Регионалниот инвестициски форум на ЕУ за Западниот Балкан.

Истиот ден, Фон дер Лајен ќе отпатува за Тиват, каде ќе се сретне со претседателот Јаков Милановиќ и премиерот Милојко Спајиќ. Во вторник во Тиват претседателката на ЕК ќе учествува на Инвестициска конференција за паметна и зелена иднина.

Од Тиват, Фон дер Лајен во вторник ќе отпатува за Сараево на средби со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто. Истиот ден, таа ќе го посети и Меморијалниот центар во Сребреница.

Работниот ден в среда Фон дер Лајен ќе го започне во Белград каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацут, по што ќе замине за Приштина на средби со косовската претседателка Вјоса Османи и техничкиот премиер Аребен Курти.

Од Приштина, Фон дер Лајен в среда попладне ќе отпатува за Скопје, што ќе биде последна етапа од нејзината турнеја низ Западниот Балкан.

Како што соопшти Европската комисија, оваа турнеја ќе биде можност Фон дер Лајен да ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата и за нивниот постепен пристап до Единствениот европски пазар, како и да разговара за спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан.

Оваа е петта по ред годишна турнеја на Фон дер Лајен на Западен Балкан по оние од претходните четири години, што, како што наведува ЕК, ја потврдува важноста што регионот ја има за Европската унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Лабудовиќ: Центар добива нов лик – вистински почеток на ред, безбедност и паметна мобилност
Следна Статија Измамниците не мируваат: Битолчанка дала 27.000 евра за наводна операција на ќерка и

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Kaко пишуваше странскиот печат за убиството на Јане Сандански

На вчерашен ден 1915 година, убиен е пиринскиот цар, Јане Сандански. Тој бил личност за која се интересирал и странскиот…

April 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото…

March 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Томовски: Со јавно-приватно партнерство ќе се гради саем во Скопје

Во Скопје ќе се гради саем откако објектите на Скопски саем беа урнати и на нивно место се изгради трговски…

May 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите

Ги „затегнавме чешмите“, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите пет месеци. Поднесена е 31 дисциплинска…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?