Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема договор со Велика Британија за прифаќање мигранти – шпекулациите се штетни и неосновани

Објавено October 11, 2025 15:13
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски категорично ги отфрли шпекулациите дека Владата или Министерството воделе разговори со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти.

„Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера,“ напиша Муцунски.

Тој оцени дека ваквите тврдења се „неосновани, штетни и исклучиво насочени кон дневнополитички поени“, повикувајќи ги сите политички субјекти да се држат до фактите и да покажат „минимум одговорност“.

„Ваквите изјави, за жал, се израз на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам,“ порача министерот.

Реакцијата на Муцунски следи по изјавата на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој праша дали Владата разговара за евентуално прифаќање мигранти по примерот на договорите што Лондон ги склучува со трети земји.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ го започнува најголемиот проект – брзи возови ќе ги поврзат сите европски метрополи
Следна Статија Монтгомери: Бомбардирањето на Србија беше грешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“

За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа…

June 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Среде Скопје ќе се организира протест за УЧК и Хашим Тачи, поддршка ќе даде и Ахмети

Хисни Гуцати, претседателот на Организацијата на ветерани на Ослободителната војска на Косово изјави дека следниот протест ќе се одржи во Скопје,…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Шест македонски волови ја преминаа бугарската граница кај Ѓуешево и станаа проблем

Бугарските институциите одлучуваат што да прават со шест волови кои ја преминале границата од Македонија во близина на ќустендилското село…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гнасно ко*иле, смрт за вас: Тешки навреди кон новинарот Видиновски по видеото за хаосот пред Бугарската амбасада

Асномски ко*пилиња, Македонија е наша што сакаме ќе правиме, Смрт за вас. Ова се дел од тешките навреди и закани…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?