Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција
ХРОНИКА

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Објавено October 13, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на Република Турција. При претресот, извршен по добиен налог од надлежното обвинителство, инспектори од Одделението за истраги, пронајдоа вкупно шест таблети од 0,29 грама прихотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис, соопшти Царинската Управа.

Од Царинската Управа потврдија дека во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Во истиот момент, царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес, при што е пронајдена дрогата.

Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во МВР, каде е потврден нивниот хемиски состав, доопшти ЦУ.

Против осомничената, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, поднесе кривична пријава до ОЈО Гостивар за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215, став 1 од Кривичниот законик. додаваат во соопштението од Царинска Управа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клоп: Вирц е талент што се раѓа еднаш во еден век
Следна Статија Mу го прекинаа раатот во Дубаи: Заев се врати во Струмица да ја дозакопа СДСМ пред избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мигрант починал на една од скопските клиники

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера наутро од Клиниката за нефрологија бил донесен 41 годишен мигрант. „21.11.2025 во 07:50…

November 22, 2025
ХРОНИКА

Возач удрил во возила, контејнери и семафор во Скопје

Полицијата денеска информира за случај од петокот во кој 52-годишен државјанин на Косово со привремен престој во Арачиново со возило…

December 28, 2025
ХРОНИКА

Фатмир Етеми се соочува со затворска казна до 5 години

Кривичната пријава за бизнисменот Фатмир Етеми предвидува затворска казна до 5 години. МВР поднесе кривична пријава против еден од најголемите…

October 11, 2024
ХРОНИКА

Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?