Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче

Објавено October 14, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари.

„За 50% го зголемуваме надоместокот за новороденче, од 7.000 на 10.000 денари. Со оваа мерка ги поддржуваме центарските семејства.. Родителите добиваат поголема финансиска поддршка во најважниот период, кога се раѓа нов живот и започнуваат нови семејни предизвици. Ги зголемуваме субвенциите за сите категории на граѓани“, рече Герасимовски.

Тој, потенцираше дека развојот мора да продолжи, а концептот „За Центар што го сакаме“ е единствениот што нуди поквалитетен живот на центарци.

„Развојот мора да продолжи, а тоа ќе го постигнеме ако сите заедно се обединиме „За Центар што го сакаме“. Затоа, ве повикувам во недела, 19 октомври, масовно да излеземе на гласање и да го дадеме својот глас за бројот 5, за напредени модерен Центар“, порача Герасимовски.

На средбите со граѓани, тој ги презентираше и клучните проекти за вториот мандат, меѓу кои: модерен дом за стари лица на Водно, нова градинка во близина на Клиничкиот центар, набавка на две цистерни и пет метларки, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на метежот, изградба на две монтажни катни гаражи, нов административно-граѓански објект, два покриени базени, како и воведување на „Центарска картичка“ со бројни поволности и попусти за жителите.

„Во изминативе години покажавме што значи одговорно и посветено водење на општина. Реализиравме проекти што го подобрија секојдневието, уредивме улици, зголемивме зеленило и создадовме подобри услови за младите и повозрасните,“ рече Герасимовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Започна официјалната посета на словачкиот претседател Пелегрини: Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател
Следна Статија Родителите на загинатите во Кочани: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Дрин Ахмети контра Вреди: Не возел „Ролс Ројс“ низ Кичево

Во денот кога Јавното обвинителство објави дека бил повикан да даде исказ, Дрин Ахмети наместо да даде образложение тој се…

January 16, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата, Мицкоски да си ја надмине суетата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанска трибина во Македонски Брод, го повика премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ,…

October 2, 2025
ПОЛИТИКА

Aпсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, се вели во партиското соопштение…

June 9, 2025
ПОЛИТИКА

Славјанка Петровска откри зошто декласификацијата предизвикува нервоза кај власта

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, изјави дека барањето за целосна декласификација на документите предизвикало паника и нервоза кај власта, која…

September 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?