Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Од средбата со Фон дер Лајен очекувам реафирмирање на позицијата за нашата стратешка цел – полноправното членство во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Од средбата со Фон дер Лајен очекувам реафирмирање на позицијата за нашата стратешка цел – полноправното членство во ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од средбата со Фон дер Лајен очекувам реафирмирање на позицијата за нашата стратешка цел – полноправното членство во ЕУ

Објавено October 14, 2025 13:13
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски од престојната посета на Скопје на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.

Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) истакна дека во текот на изминатите 25 години, чекорејќи по патот на ЕУ, Македонија полека го губела образот и достоинството, при што напомена дека оваа Влада повеќе нема намера тоа да го прави.

Очекувам да ги реафирмираме позициите дека нашата стратешка цел останува полноправно членство во рамки на ЕУ. Некако изминативе 25 години како полека да го изгубивме образот, чекорејќи по тој пат, како малку да остана од тоа достоинство и од тој образ чекорејќи кон тој пат. Се надевам дека ќе има испорака и од страна на ЕУ, за барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и доистинство ниту на нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и образот – порача Мицкоски.

Тој одговори и на прашањето за најавите на Фон дер Лајен за отворање на центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија, при што појасни дека тоа е проект, кој го туркала Владата, односно Министерството за дигитална трансформација.

Тоа е проект што го туркаше Владата, односно Министерството за дигитална трансформација. Тоа е нешто супер за граѓаните во Македононија, бидејќи прв пат ќе користиме наши домашни ресурси. Тоа го правевме со факултетите ФЕИТ и ФИНКИ, и тоа е нешто за кое јас навистина сум возбуден и среќен – рече Мицкоски и додаде дека станува збор за заедничко кофинансирање вредно околу пет милиони евра.

Појасни дека тоа значи дека практично македонските студенти и експерти ќе можат да ги користат и црпат ресурсите, кои ги има самата ЕУ.

И добро е што претседателката Фон дер Лајен тоа го најави. Станува збор за два проекта, од кој што едниот проект го добива Македонија, а вториот е проект што го добива Србија. Досега ги користевме искуствата и ресурсите од соседните држави отсега ќе имаме наш сопствен центар, кој ќе се занимава со вештачка интелигенција – додаде Мицкоски.

Претседателката на ЕК Фон дер Лајен вчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе допатува во Скопје.

Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Европската комисија соопшти дека оваа турнеја ќе биде можност Фон дер Лајен да ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата и за нивниот постепен пристап до Единствениот европски пазар, како и да разговара за спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан. Оваа петта по ред годишна турнеја на Фон дер Лајен на Западен Балкан по оние од претходните четири години, како што наведува ЕК, ја потврдува важноста што регионот ја има за Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција – започнува проектот „Везилка“
Следна Статија ВМРО ДПМНЕ: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани се богателе од ископот на јаглен во РЕК Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Во Штип работиме на ДУП за бањата Кежовица, очекувам браната Отиња да биде готова следната година

Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Изјавите на Кадриу го потврдуваат она што го видов во предметите од СЈО

Изјавите на поранешната обвинителка од СЈО Лејла Кадриу дека во институцијата постоеле сериозни проблеми и постапувања зад затворени врати, не…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во ракетен напад погодена Амбасадата на Македонија во Киев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Кинг бургер“ во центарот на Скопје

Деновиве за урива некогашната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?