Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родителите на загинатите во Кочани: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Родителите на загинатите во Кочани: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца
МАКЕДОНИЈА

Родителите на загинатите во Кочани: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца

Објавено October 14, 2025 13:24
Сподели
Сподели

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати емотивна порака по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, деветтиот член на групата ДНК кој го загуби животот по трагедијата.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев – Панчо. Бог да ви даде сила. Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – талентиран пејач, полн со енергија и музика што допираше до срцата. Замина прерано, оставајќи празнина која не може да се пополни“, стои во објавата.

Од здружението потсетуваат дека Панчо е 63-та жртва на пожарот во „Пулс“, трагедија која остави длабоки последици и траума кај семејствата на настраданите.

„Како родители што ја почувствувавме најголемата болка – губење на дете – ја знаеме бездната на оваа тага. Вашата болка е наша болка, вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој празен момент што го остава оваа трагедија“, напишаа од здружението.

Во објавата тие испратија и порака за правда: „Ова не е број – ова е живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени? Колку уште семејства ќе страдаат? Правдата мора да се извојува – за Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен. Ние нема да молчиме!“

Здружението завршува со емотивна порака:

„Почивај во мир, Панчо. Нека ти е светол патот до Царството Небесно. Пренеси им поздрав на нашите ангели – засекогаш ќе останете во нашите срца.“

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче
Следна Статија (Видео) Митески: Во Аеродром реализираме проекти кои доаѓаат од граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија прва во регионот добива 52,2 милиони од планот за раст на ЕУ

Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Пороен дожд, грмежи и ветер во делови околу Македонски Брод и Кичево

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево зафатија делови во околината на Македонски Брод и Кичево. Според радарската слика од…

June 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес со јачина 3.8 степени почувствуван во Охрид и Струга

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија регистрираше земјотрес денес во 11:28 часот, со епицентар во соседна Албанија, на 155 километри југозападно…

January 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 2,7 степени предмалку е регистриран во тетовскиот регион. Според податоците од ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?