Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Или си со СДСМ или не си!“ порака од Филипче до Црвенковски по објавените фотографии со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и со кандидатка од ЗНАМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Или си со СДСМ или не си!“ порака од Филипче до Црвенковски по објавените фотографии со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и со кандидатка од ЗНАМ
МАКЕДОНИЈА

„Или си со СДСМ или не си!“ порака од Филипче до Црвенковски по објавените фотографии со градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и со кандидатка од ЗНАМ

Објавено October 15, 2025 13:47
Сподели
Сподели

Или си СДСМ или не си, одговори лидерот на СДСМ Венко Филипче на прашањето да ги коментира фотографиите објавени на социјалните мрежи со поранешниот лидер Бранко Црвенковски.

– Во однос на сликата која излезе на социјалните медиуми вчера, јас можам само да го цитирам поранешниот претседател на СДСМ, а тоа е или си СДСМ или не си – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес конференција.

Црвенковски во Охрид бил фотографиран во ресторан со градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, и со пратеникот од истата партија Саше Донев.

На едната фотографија Црвенковски вечера во ресторан во Охрид со актуелниот градоначалник Пецаков кој е од редовите на ВМРО ДПМНЕ а на масата е и газдата на фирмата „Пупе компани“. На друга фотографија Црвенковски е со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Горговска.

Таа самата ја објавила фотографијата на нејзиниот профил на Фејсбук.

Бранко Црвенковски јавно го замрзна своето членство во СДСМ во 2020 година по интервју на Зоран Заев за БГНЕС.

„Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, повика тогаш Црвенковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки
Следна Статија Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сашко Коцев повредил полицаец и потоа побегнал со возилото – Актерот тврди дека ништо сериозно не се случило

Актерот Сашко Коцев вчера повредил полицаец, извести скопската полиција. Според МВР, околу 19.15 часот, во Скопје, на подрачјето на Центар,…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон Дер Лајен доаѓа во Македонија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на турнејата по земјите од Западен Балкан, планира да ја…

October 12, 2024
МАКЕДОНИЈА

Драстично опаѓа бројот на новороденчиња во Македонија

Демографката Марија Љакоска, доцент на Институтот за географија при ПМФ, предупредува дека продолжувањето на падот во бројот на новороденчиња ќе…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајанов: Напредокот на Македонија е далеку пред Албанија, Србија и Црна Гора

Лидерот на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов во „Само вистина“ говорејќи за трнливиот европски пат на државава рече дека Македонија…

May 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?