Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавени скандалозни снимки за Фатмир Дехари: Морале да му седнуваат во скут и да го бакнуваат, Ангелова: Ова е срам и навреда за сите жени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објавени скандалозни снимки за Фатмир Дехари: Морале да му седнуваат во скут и да го бакнуваат, Ангелова: Ова е срам и навреда за сите жени
МАКЕДОНИЈА

Објавени скандалозни снимки за Фатмир Дехари: Морале да му седнуваат во скут и да го бакнуваат, Ангелова: Ова е срам и навреда за сите жени

Објавено October 15, 2025 13:52
Сподели
Сподели

– Во медиумите излегоа аудио снимки од кои се слуша како Фатмир Дехари наместо да биде градоначалник и да ја користи општина Кичево за добробит на граѓаните, тој сексуално ги малтретира и се изживува врз вработените. Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив понижувачки за секоја жена, истакна на прес-конференција Емилија Ангелова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, вели таа, не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија, без разлика дали се Албанки, Македонки, Турчинки, Влаинки или од која било друга заедница.

„Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик, за секое семејство што воспитува ќерки со почит, труд и достоинство. Ваквото однесување не е дел ниту од една култура, ниту од верата, ниту од традицијата. Тоа е срам и мора да биде осудено од сите: и Албанци и Македонци и секој чесен граѓанин на Кичево, односно на Македонија. Од аудио снимките се слуша како жените вработени во општина Кичево се принудувани да го бакнуваат градоначалникот Дехари, и со големо гадење да кажат дека му седнуваат в скут. Ова е скандал, и изживување врз цел еден колектив и сите жени. Зарем до тој степен е падната ДУИ, да за вакви луѓе води кампања за повторен мандат? Дали традицијата и почитта кон жената за ДУИ се небитни? Која е пораката до сите жени и до семејствата“, прашува Ангелова.

Дехари, како што оценува таа, малку од повеќе се има заиграно со политиката и со градоначалничката позиција, но тоа не значи дека ова треба да се премолчи и да се толерира.

„Кичево и кичевчани не заслужуваат ваков третман на албанките или генерално – ниту една жена не смее вака да биде третирана на работното место. Дехари мора да си поднесе неотповиклива оставка и да се повлече од политиката.“ – порача денеска Ангелова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДЗСИ: Парична казна за д-р Игор Кузмановски за работа со необновена лекарска лиценца
Следна Статија На 26 октомври, в недела, ќе почне зимското сметање на времето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава

Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Шохеј…

May 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Охрид ја чека одлуката од УНЕСКО, ќе куртули ли од „црната листа“?

Дали ќе остане Охридскиот Регион на листата на светско наследство на УНЕСКО, ќе биде многу појасно по Генералното собрание на…

July 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии

Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска излезе со соопштение во кое детално се објаснува…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска на пладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?