Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија
ЗДРАВЈЕ

На Клиниката за неврохирургија во Скопје првпат извршена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

Објавено October 21, 2025 13:35
Сподели
Сподели

На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). Работниот тим што ја изведе оваа значајна интервенција се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог).

-Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните здравствени установи преку воведување нови методи. Станува збор за минимално инвазивна постапка која се изведува со помош на рамка што се поставува врз главата на пациентот. Потоа, со помош на посебни тридимензионални пресметувања се планира точната локација на интервенцијата во внатрешноста на главата и се зема материјал за анализа, вели министерот за здравство Азир Алиу.

Како што информира Министерството за здравство, за да се дојде до овој резултат претходеле подготовки со тим на експерти од Бразил, предводени од проф. Маноел Јакобсен Теишеира од Универзитетот Сао Паоло, како и инженерот Антонио Мартос Калво.

-Посебна благодарност до тимот од неврохируршките сали и од одделот за континуираната подршка во тек на работниот процес, како и до Клиниката за радиологија за безрезервната и трпеливата подршка во процесот на организација на работниот процес. Оваа постапка нуди во иднина исклучителни можности за развој на функционалната неврохирургија и лекувањето на разните невро-дегенеративни заболувања, поради кои нашите пациенти согласно досегашната пракса се упатува на лекување во странство, појаснува директорот на Клиниката за неврохирургија, кој е дел од тимот, д-р Љуљзим Агаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продолжен притворот на Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација
Следна Статија Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кедев за кардиолошките операции: Стојам зад сè што кажав, има неправилности и треба да се расчистат

Стојам комплетно зад тоа што го кажав во врска со злоупотребите при кардиохируршки интервенции. Тоа го имам кажувано многупати и…

September 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

За три пати зголемен бројот на заболени од грип

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со…

January 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Штипската модуларна болница ќе се адаптира за специјалистички амбуланти

Штипската модуларна болница, која по пандемијата Ковид 19 е празна и стои неискористена, ќе се пренамени во амбуланти за специјалистички…

April 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Депресија, изместен биоритам– што ни носи промената на часовникот

Ноќва почнува зимското сметање на времето, при што стрелките се поместуваат еден час наназад. Со ова, луѓето „добиваат“ 60 минути…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?