Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британците планираат атентат:Поранешен шпион на КГБ му порачува на Путин да не оди во Будимпешта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Британците планираат атентат:Поранешен шпион на КГБ му порачува на Путин да не оди во Будимпешта
СВЕТ

Британците планираат атентат:Поранешен шпион на КГБ му порачува на Путин да не оди во Будимпешта

Објавено October 21, 2025 19:45
Сподели
Сподели

Рускиот претедател Владимир Путин доби драматично предупредување за наводен „британски заговор за атентат“ што го очекува доколку отпатува во Унгарија на средба со Доналд Трамп.

Предупредувањето дојде од Андреј Безруков, полковник на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) и поранешен таен агент кој со години работел во САД, пишува Express.co.uk.

Безруков упати директен апел до рускиот претседател: „Не одете во Будимпешта“, повикувајќи го очекуваната средба со Трамп во градот на Дунав итно да ја премести во Дубаи за да се избегне, како што тврди, „апсолутно предавничка операција“ што ја подготвуваат Британците.

Имам многу, многу сериозни загрижености во врска со Будимпешта, рече Безруков, чиј таен идентитет беше откриен во 2010 година кога ФБИ ја приведе руската шпионка Ана Чепмен. И двајцата беа дел од голема размена на шпиони истата година, што вклучуваше размена на десет руски агенти за четири лица кои отслужуваа казна во Русија за шпионажа за Западот.

Според Безруков, „целиот менталитет“ на Британците „е структуриран на таков начин што ако Путин не постои, тогаш нема проблем… прво, Русија ќе се распадне“, тврди тој во гостување на руската државна телевизија.

Поранешниот агент додаде дека владејачката класа во Лондон „разбира дека Велика Британија наскоро би можела да престане да постои“.

На крајот на краиштата, елитата во неа, која беше многу, многу организирана банда, сега ја губи својата моќ, не затоа што се справува лошо, туку затоа што самата земја драстично се менува, се топи, рече тој.

А за нив, удар врз нас, вклучително и апсолутно предавничка операција што би можела да се спроведе врз основа на овој состанок во Будимпешта, е одлука, продолжи тој, не нудејќи докази за своите тврдења.

И тие ќе го сторат тоа. Ќе ризикуваат сè, затоа што сега ризикуваат сè. И затоа би советувал силно Путин да не оди во Будимпешта.“

Водечкиот ТВ пропагандист на Кремљ, Владимир Соловјов, го праша агентот како да го избегне ризикот од атентат.

„Постои прекрасна земја наречена Обединети Арапски Емирати (која би можела да биде домаќин на разговорите Трамп-Путин)“, одговори Безруков.

Соловјов забележа дека Путин е „толку храбар“ што веројатно сепак ќе го преземе ризикот да патува во Будимпешта.

Понекогаш не е добро… Врховниот командант (Путин) ја претставува земјата, а тука интересите на земјата се поважни од храброста на една личност…, заклучи Безруков.

Андреј Безруков (65) е поранешен шпион на КГБ и СВР кој со децении работел како „спијач“ во САД под псевдонимот Доналд Хауард Хитфилд, заедно со неговата сопруга и колешка агент Елена Вавилова, позната како Трејси Ен Фоли. Двојката израснала два сина, Тимоти и Александар, кои немале поим дека нивните родители се шпиони.

Безруков во моментов е професор на Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО) и советник на државниот нафтен гигант Роснефт.

Патувањето во Будимпешта би било првото патување на Путин во земја од Европската Унија од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Унгарија ја увери Москва дека нема да постапи по потерницата издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС) за Путин. Потерницата се однесува на наводната нелегална депортација на украински деца во Русија, што се смета за воено злосторство.

FacebookTwitterCopy LinkShare

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наплатил три пати поголем износ од сумата која ја позајмил – прилепски лихвар „падна“ во рацете на полицијата
Следна Статија Ројтерс: Пропадна состанокот Трамп – Путин во Будимпешта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција

Едно лице загина во земјотресот што вчера ја погоди северозападната турска провинција Баликешир, вели министерот за внатрешни работи Али Јерликај,…

August 11, 2025
СВЕТ

Путин им ги прости долговите на војниците што учествуваат во војната

Претседателот Владимир Путин го потпиша законот за отпишување на кредитни долгови во износ до десет милиони рубљи (околу 9.200 евра)…

November 24, 2024
СВЕТ

Израелскиот претседател положи венец во Бонди на почетокот на контроверзната посета

Повисоки еврејски лидери го поздравија Исак Херцог, но про-палестинските групи велат дека не требало да биде поканет.

February 10, 2026
СВЕТ

Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми

Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, го усвои предлогот на претседателот Доналд Трамп за намалување на…

July 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?