Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Судската забрана на штрајкот на ССКЛ е законска, вели адвокатот на М-НАВ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Судската забрана на штрајкот на ССКЛ е законска, вели адвокатот на М-НАВ
МАКЕДОНИЈА

Судската забрана на штрајкот на ССКЛ е законска, вели адвокатот на М-НАВ

Објавено October 22, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Наоѓањата на Граѓанскиот суд за забрана на штрајкот што на 20. месецов го најави Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ се апсолутно вистинити и законски основани. Решението е донесено од искусен судија кој има оставено белег во судот, оцени денеска Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ А.Д.

Барањето за забрана на штрајк се однесува за точно најавен штрајк, со точно определени датуми и планови и програми за делување. Станува збор за целосна забрана на штрајк, кој е незаконски, а М – НАВ не побарал забрана на синдикално делувањето и на сите идни штрајкови, рече Николоски на прес-конференција, пренесувајќи го ставот на УО на М-НАВ дека организирањето на штрајкот е лична одмазда од Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Според Николоски, „Судот правилно утврдил дека известувањето за штрајк не содржи барање за заштита на права од работен однос, дека не е спроведена постапка за заштита од работен однос и оти ССКЛ како подружница нема правен легитимитет да организира, реализира и спроведува штрајкови“.

„ССКЛ е организиран како подружница на Независниот синдикат за сообраќај и врски. ССКЛ со оглед на начинот на кој е  регистриран нема правен легитимитет и правен субјективитет и не може самостојно да презема дејство. Целокупното постоење и функционирање е исклучиво во рамки на Независниот синдикат. Согласно позитивните прописи секој регистриран синдикат задолжително се запишува во регистарот на синдикати што се води во надлежното Министерство. Во тој регистар под реден број 65 е запишан Независниот синдикат за сообраќај и врски, а никаде не е запишана ССКЛ и согласно тоа не можеме да кажеме дека станува збор за синдикат кој презема мерки на основа на закон, рече Николоски.

Тој  дополни дека организирањето на подружницата како Синдикат воопшто не постои во правниот систем на државата. – Во правниот систем организирањето на подружниците постои согласно Закон за трговски друштва, каде се организираат подружници на трговските друштва,  постои подружница определана во Законот за здружение на граѓани и фондации. Синдикатите се организираат и основаат единствено на база на одредбите на Законот за трговски друштва. Одлуката на Судот е законска и транспарентна, наведе Николоски. 

Како што укажа, причините за организирање на штрајкот апсолутно се нејасни за УО на М-НАВ и вработените. – М НАВ е државна компанија со високо ниво на заштита на работничките права, за услови за работа, плата и останати права  кои се обезбедени и заштитени.  Доколку станува збор за вистинска заштита на работнички права со која треба да се поправат или унапред тоа треба да биде организирано на база на синдикално делување каде со мнозинство од членовите на синдикатот треба да се донесе одлука за стапување во штрајк, посочи адвокатот на М-НАВ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Митески за алармантната состојба со отпадот: Кога безобразноста и дрскоста се присутни – мораме да вратиме со здрав разум!
Следна Статија Ѓорѓиевски: Во градот Скопје имаме сериозно стабилно советничко мнозинство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пренџов: Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потресно сведоштво на Ванковска: Добив инструкции да одам јас да проверам дали има пулс или со огледалце дали дише!

Професорката Билјана Ванковска сподели потресно сведоштво од инцидент кој и се случил. Имено, таа раскажа дека нејзиниот сосед починал и…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

АНКЕТА: Политички партии намерно предизвикуваат меѓуетнички тензии со цел да спречат борба против криминалот

Во периодот од 1 до 4 февруари 2025 година, во рамките на платформата „ОМНИБУС“ беше спроведена телефонска анкета на репрезентативен…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почит и слава за хероите од Љуботен

По повод 24 години од загинувањето на македонските бранители, припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски Бачила, премиерот…

August 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?