Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси, иднината на државата е во рамките на ЕУ, порача Мицкоски од Лондон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси, иднината на државата е во рамките на ЕУ, порача Мицкоски од Лондон
МАКЕДОНИЈА

Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси, иднината на државата е во рамките на ЕУ, порача Мицкоски од Лондон

Објавено October 23, 2025 08:57
Сподели
Сподели

Економијата, безбедноста и процесот на интегрирање на Македонија во рамките на ЕУ, како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски биле теми коишто биле опфатени на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон.

„Тука беше додадена уште една тема, а тоа беше нелегална миграција. Морам да кажам дека денот беше инспиративен, го започнав со средба со министерот на Франција за Европа, господинот Бенжамин Хадад, којшто е исклучително близок на претседателот Макрон, на којшто ги кажавме нашите позиции, односно позициите коишто цело време ги повторуваме, дека мора да има испорака во дел на гаранции од страна на самата ЕУ, мора да има испорака од нашиот источен сосед во делот на почитување на меѓународното право, почитување на европските институции како што е Судот за човекови права, интегрирање на македонската заедница во рамки на Министерскиот совет за малцинства кај нашиот источен сосед итн.

Тоа не се дополнителни услови, туку тоа значи партнерство, тоа значи добрососедски односи помеѓу двете земји“.

Во делот на безбедноста, како што појасни, бил потенциран фактот за енергетската безбедност, развојот на гасните интерконектори.

„Овој што во моментот го градиме со нашиот јужен сосед со Грција и тој којшто планираме многу скоро да го отпочнеме да го градиме со нашиот северен сосед, а тоа е Србија. Потоа континуирано ги споменуваме коридорите 10 и 8, коишто се за нас како држава многу важни, но и за Европа се многу важни, посебно за јужното крило на НАТО, бидејќи ги поврзуваат Јонското и Јадранското море со Црното море, тоа е коридорот 8, и коридорот 10 коишто ги поврзува практично Медитеранот, овој дел на Медитеранот со Егејското море, со Централна Европа“.

Во делот на нелегалната миграција, нашиот став, како што подвлекува Мицкоски е апсолутно јасен.

„Ние практично ја браниме Европа од Европа, бидејќи кај нас мигрантите реално од земји членки на ЕУ нелегално влегуваат. Ја изнесов оваа идеја и пред премиерот Стармер, за време на билатералната средба, дека би биле добредојдени британски експерти, британска експертиза, па дури и полициски офицери, припадници на Армијата на Британија, да заедно со нашите припадници ја штитиме нашата јужно-источна граница од нелегалната миграција и на тој начин да ја штитиме и Европа, ја презентирав нашата отворена покана“.

Потсети и на процедурата на потпишување на меморандумот на разбирање со американско-британскиот конзорциум којшто, како што рече, ќе инвестира во фабрика за производство, а е дел од наменската индустрија.

„Околу 150 милиони долари и каде што неколку стотици би рекол, до илјада луѓе ќе се вработат, но тоа е само почеток, планот е да стигнеме до бројка од една милијарда.

Јас многупати кажувам дека мора да победуваме дома и тука немам никаква дилема, дека домашната задача е најважна, но мора да победуваме и во Лондон и во Брисел и во Париз и во Берлин и во Рим и во Вашингтон и во другите главни градови на земји-членки и на ЕУ, но и на влијателни држави во светот.

Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси и интересите на Македонија, генерално и на граѓаните. Иднината на државата е во рамките на ЕУ, тоа е една од нашите последни стратешки цели.

Ние ќе сториме се што е во наша моќ да ја исполниме оваа стратешка цел, но истовремено да ги заштитиме македонските интереси.

Нормално дека пораката од нивна страна е дека местото на нашата земја е во рамките на ЕУ, како и генерално на целиот регион на Западен Балкан. Прилично инспиративна и конкретна дискусија имаше германскиот канцелар господинот Мерц, којшто јасно кажа како го гледа регионот, нормално тоа е затворен состанок и сега не би сакал јас да ги зборувам деталите, но многу јасна насока даде, како го гледа регионот и кои се плановите за иднината на регионот поврзани со интеграцијата во рамките на ЕУ“.

Мицкоски вели дека останува оптимист, но важно е според него да се испорача домашната задача.

„Тоа се реформите и тоа ќе го правиме во периодот којшто следува, очекувам прогрес и во делот на откочување на проблемот којшто го имаме во овој момент, но ајде да видиме, рековме наша цел е да го заштитиме нашето национално достоинство, нашиот идентитет и нашите национални интереси“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта
Следна Статија Ѓорѓиевски: Ќе направиме генералка во цело Скопје во првите 72 часа, сметот и мини депониите ќе бидат минато

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нов антикорупционер ќе се бира во рок од 10 дена откако Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска

Оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска до Собранието, треба да биде констатирана на една од наредните седници, по што…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е нашиот Крушевски манифест, светот го виде вистинското лице на Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција, истакна дека светот го видел вистинското лице на Бугарија и дека…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители се „пере“ за домашниот притвор на Груби

Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители и Советот на јавни обвинители во оваа фаза…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски на ифтарска вечера

Премиерот Мицкоски вечеева присустуваше на ифтарска вечера.Тој истакна дека овие собири се потсетник дека вистинските вредности лежат во солидарноста и…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?