Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зголемување на платите во образованието подразбира повисоки плати за сите вработени, наставници, професори и технички персонал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Зголемување на платите во образованието подразбира повисоки плати за сите вработени, наставници, професори и технички персонал
ЕКОНОМИЈА

Зголемување на платите во образованието подразбира повисоки плати за сите вработени, наставници, професори и технички персонал

Објавено October 19, 2024 16:30
Сподели
Сподели

„Зголемувањето на личниот доход подразбира за сите, вклучително и за техничкиот персонал и сите оние кои што не се наставници и професори средното и основното образование“, вели претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на договорот за покачување на платите во образованието.

Премиерот Мицкоски рече дека вработените во образованието ќе земат октомвриска плата со покачување од 5 проценти, додавајќи дека до 2028 година платите ќе пораснат за минимум 46 проценти а може и повеќе во зависност од состојбата на буџетот.

„Ќе ги потсетам сите оние кои се вработени во образованието дека октомвриската плата која ќе биде исплатена сега во ноември ќе биде повисока за 5 проценти. Потоа, почнувајќи од мартовската плата 2025 година која ќе биде исплатена во април 2025 година 7 проценти дополнително зголемување. Од март 2026 година помеѓу 7 и пол до 10 проценти во зависност од состојбата во буџетот. Март 2027 година повторно помеѓу 7 и пол до 10 проценти и март 2028 година помеѓу 10 и 12,5 проценти, или минимум 46 проценти поголема плата ќе имаат наставниците во основното и професорите во средното образование споредбено со сега. Значи минимум, а може и повеќе да биде во зависност од состојбата на буџетот“, дециден е Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека после покачување на пензиите, програмите за млади, договорот со СОНК за повисоки плати во образованието, следува и покачување на платите во здравството, посочувајќи дека примарен интерес на Владата се граѓаните.

„Ова е историско нешто кое до сега не било направено. Исто така и Колективниот договор ќе се прави. Значи после пензиите, после оние програми за младите, после консолидирањето на исплатата на субвенциите на земјоделците, сега е и овој договор со СОНК за вработените во образованието. Ќе следи за вработените во здравството итн. сето она кое што како приоритет ќе биде пред нас. Но, ќе има за сите, бидејќи интересот на граѓаните е примарен интерес на оваа Влада“, истакна претседателот на Владата Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четиримесечно бебе донесено починато во болница во Гостивар
Следна Статија АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трамп бара 10% лимит на каматни стапки за кредитни картички

Претседателот Доналд Трамп предложи едногодишен лимит на каматните стапки за кредитни картички, тврдејќи дека јавноста е измамена.

January 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мизо: Костал длабоко навлегува во дејноста енергетска електроника за плаг-ин хибридни и електрични возила

Костал Македонија влегува во третата фаза на инвестицискиот циклус вредна помеѓу 45 и 50 милиони евра, со што се отвора…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Инфлацијата во јуни се намали за 0, 5 проценти, на годишно ниво изнесува 3,4%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0,5%,…

July 7, 2026

Билион долари инвестиција: Бил Акман планира нов американски фонд

Познатиот инвеститор Бил Акман подготвува амбициозен финансиски потфат со целна инвестиција од 5 милијарди долари

November 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?