Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите

Објавено October 19, 2024 15:41
Сподели
Сподели

„Динамиката на пристапувањето во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) зависи од степенот на подготвеноста на земјите и степенот на усогласеност на националната правна рамка со европското законодавство за чија што оценка беше обезбедена и техничка помош од Светската банка. Нашата земја, Албанија и Црна Гора од страна на Светската банка во овој процес беа оценети со висок степен на усогласеност со правната рамка и беа првите три од шесте земји од Западен Балкан, чии што централни банки, во текот на јуни и јули, поднесоа апликации за членство до Европскиот Совет за плаќања . Очекувањата се дека трите земји се со голема можност за скорешно пристапување во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА)“, изјави вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска во интервју за емисијата „360 степени“ на МТВ.

Нацевска потенцира дека со поднесувањето на самата апликација со целата пропратна документација која претставува огромен пакет од документи, нашата земја покажа дека релевантната европска регулатива е преточена во домашното законодавство, а пристапот до европскиот платежен систем ќе подразбира користење на придобивките пред земјава да стане полноправна членка на ЕУ.

„Членството во СЕПА е една од приоритетните активности коишто се поддржани со најновиот план за раст од страна на Европската комисија, којашто има за цел забрзана економска интеграција и доближување на регионот до единствениот пазар на ЕУ, што ќе овозможи граѓаните и компаниите што поскоро да ги почувствуваат бенефитите од членството. Со пристапувањето, значително ќе се намалат трошоците за прекуграничните плаќања во евра, ќе се обезбедат подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции, ќе се подобри управувањето со готовинскиот тек, ќе се зајакне пристапот до пазарите во ЕУ, ќе се подобрат односите со деловните партнери преку побрзо порамнување на плаќањата“, истакна вицегувернерката Нацевска, нагласувајќи дека главниот двигател на СЕПА е поттикнување на конкуренцијата, а со тоа намалување на трошоците и забрзување на прекуграничните плаќања кои ќе се извршуваат во рок од еден ден, а доколку се користат системите за инстант плаќања − во рок од неколку секунди.

„Пристапувањето ќе биде особено значајно за дознаките, бидејќи тие кај нас, па и во регионот на Западен Балкан, тие играат значајна улога во економијата, достигнувајќи дури и до 15% од БДП. Трошоците за извршување на дознаките, кои се околу 6,7% од износот на трансакцијата тековно, ќе се преполоват на околу 3%, пришто на ниво на регионот на Западен Балкан ова може да придонесе за заштеда од дури половина милијарда евра. Значајни заштеди се очекуваат и кај фирмите. Според студија на Светска банка која ги анализира трошоците за извршување плаќања од микро, малите и средните фирми помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија, плаќање на износ од 5.000 евра од фирма во Западен Балкан кон фирма во ЕУ чини 10 пати поскапо отколку плаќање помеѓу фирмите во ЕУ. Трошоците во обратна насока, кога фирма од ЕУ плаќања кон фирма од Западен Балкан, се уште повисоки односно 12 пати повисоки во споредба со тоа кога плаќањето се извршува помеѓу фирмите од ЕУ. Трошоците за плаќањата на поголеми износи се уште повисоки“, истакна вицегувернерката Нацевска. Според проценките на Светската банка членството во СЕПА може да ја намали и сивата економија за 2 процентни поени во регионот на Западен Балкан, посочи Нацевска.

Вклучувањето во СЕПА е приоритет за Народната банка и другите институции вклучени во процесот, истакна Нацевска, кое ќе овозможи забрзување на трговската и финансиската интеграција на земјата во ЕУ и повисок економски раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ: Потврден е случај на присуство на вирусот на Птичји грип во Зоолошката градина во Скопје
Следна Статија Зоолошката градина под клуч во следните три недели

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат забелешки ќе ги убедам дека Народна банка била и ќе остане независна, рече Славески

Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка…

May 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на Националниот совет за развој: Поставени се јасни насоки за напредок во економијата

Денеска се одржа третиот Национален совет за развој, на кој се разгледаа клучни прашања поврзани со долгорочниот развој на Македонија,…

March 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во патната инфраструктура изминатата година се направи повеќе отколку во последните девет години

Изминатата година во изградбата на патната инфраструктура се направи повеќе отколку во последните девет години, вели вицепремиерот и министер за…

June 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент

Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика.…

November 29, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?