Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид
ЕКОНОМИЈА

Стартува зимскиот ред на летање на аеродромите во Скопје и Охрид

Објавено October 26, 2025 09:06
Сподели
Сподели

Викендов стапува во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираа за МИА од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми.

Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона, што ќе трае до крајот на март следната година. Девет од нив ќе бидат управувани од авиокомпанијата Виз Ер, со субвенции од Владата. Тоа се летовите од Скопје до Бари и Стокхолм, што ќе започнат на 27-ми овој месец, а на истиот датум ќе започне и воздушната линија од Охрид до Базел. На 28-ми октомври, главниот град првпат ќе се поврзе со Мадрид, која е една од најпосакуваните дестинации од страна на нашите патници. Истиот ден на распоредот за летање се враќа и линијата до Ларнака. Од 15 декември, Скопје ќе се поврзе првпат со Прага, а се враќа и линијата до Келн.

Од 30 март 2026 година двата аеродрома ќе бидат поврзани со уште три нови дестинации. Од Меѓународниот аеродром во Скопје, Виз ер ја враќа редовната линија до Будимпешта, а истиот ден авиокомпанијата отвора нова дестинација за одмор во Италија – Неапол, дестинација за која очекуваме многу голема побарувачка. На 30 март 2026 година, Аеродромот Св. Апостол Павле од Охрид ќе биде поврзан со Милано. Десеттата нова дестинација е линијата од Скопјe до Женева, која ИзиЏет ќе ја врати на 3 ноември.

Како што објави Агенцијата за цивилно воздухопловство во зимската сезона од 26 октомври до 28 март следната година од Скопје ќе се лета до Виена, Белград, Атина, Загреб, Варшава, Франкфурт, Сандефјорд, Гетеборг, Малме, Ајндховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Фридрихсхафен, Меминген, Франкфурт Хан, Базел, Нирнберг, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Братислава, Рим, Баден-Баден, Малта, Болоња, Љубљана, Лондон, Стокхолм, Прага, Штутгард, Ларнака, Келн, Лион, Бари, Мадрид, Женева, Истанбул, Измир, Анталија, Цирих. Дестинациите од Охрид се: Цирих, Базел, Дортмунд, Виена, Меминген.

Од ТАВ Македонија велат дека нивниот тим за развој на мрежата на рути преговара со авиокомпании за воспоставување директни воздушни врски со Данска, Финска и Блискиот Исток, а фоксуот во иднина ќе биде насочен и на поголема поврзаност со Шпанија и Обединетото Кралство.

Можности за воспоставување нови директни авиолинии се отвораат и со Договорот за редовен воздушен сообраќај со Велика Британија, што го потпишаа вицепремеирот и министер за транспорт Александар Николоски и англискиот министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација Киер Метер на 23. месецов во Лондон.

Двата аеродрома, скопскиот и охридскиот, во првите девет месеци од годинава опслужиле 2.585.096 патници, што е зголемување од шест проценти во споредба со истиот период лани. Преку Меѓународниот Аеродром Скопјe се превезени 2 375 264 патници, што е за 5,4 процент повеќе од минатата година, а Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид забележа двоцифрен пораст од 16,2 процент со 209.832 превезени патници.

Во истиот период има зголемување и на бројот на летови – за три проценти во споредба со минатата година, односно на двата аеродрома се опслужени 20.141 лет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“
Следна Статија Нема истекување на линдан во ОХИС, чистењето продолжува, велат од Министерството за животна средина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

До крајот на годината исплата на К-15

До крајот на годината задолжително најмалку по 300 евра ќе им легнат на сметките на работниците за регрес за годишен…

November 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

„Несомнено, квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни во носењето на кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност.…

October 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Не е срамота да се работи дополнителна работа за минимална плата, и јас работев во САД во супермаркет

Новиот Гувернер на Народната Банка, Трајко Славески во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 истакна дека се извртело значењето на минималната…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?