Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Минчев: Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Минчев: Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски
ПОЛИТИКА

Минчев: Центар е последното гнездо на бизнисот на двоецот Венко – Заев, поддржанo од Герасимовски

Објавено October 27, 2025 10:32
Сподели
Сподели

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител ТВ се осврна на вториот круг од локалните избори, истакнувајќи дека Движењето ЗНАМ влегува во вториот круг со силна поддршка во Куманово и Центар, се наведува во соопштението од Движењето ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално.

„Нашиот претседател и актуелен градоначалник на Куманово, господинот Максим Димитриевски, реализираше над 800 капитални инвестиции во изминатите години. Граѓаните тоа го препознаа и во првиот круг му дадоа огромна поддршка со разлика од околу 11.000 гласа. Очекуваме дека таа разлика во вториот круг ќе биде уште поголема, затоа што граѓаните знаат кој може во континуитет да го води Куманово стабилно, чесно и со резултати.“ – изјави Минчев.

Тој нагласи дека Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат конструктивно партнерство во рамки на Владата, кое се темели на заеднички цели и резултати.

„Ние градиме партнерска политика со нашиот коалиционен партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ. Ги очекуваме и нивните гласови, како што и ние дадовме поддршка на нивните кандидати во другите општини. Тие 33 општини кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ се резултат и на нашата поддршка.“ – додаде тој.

Минчев истакна дека резултатот во Куманово ја покажа катастрофата на СДСМ, партија која не само што не успеа да влезе во втор круг, туку падна на четвртото место во градот.

Дополнително, Минчев се осврна и на состојбата во Општина Центар, која ја опиша како последното гнездо на овозможување на бизнисите на двоецот Филипче – Заев, потпомогнато, како што рече, од актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

„Во моментов Центар е една од општините што најбрзо издава градежни одобренија. За време на мандатот на Герасимовски се издадени над 300 одобренија за градба, што остава огромен простор за сомнеж во нетранспарентни зделки и корупција.

Зад тие градежни бизниси стојат неколку компании поврзани со Герасимовски, Филипче и Заев. Првиот ешалон е бизнис-кругот што профитира од градбите, вториот ешалон се луѓе во самата општина, задолжени за занаетчиски работи, фасади, плочки, инсталации.

Тоа е класичен модел на корупција и клиентелизам.“ – нагласи тој, додавајќи дека граѓаните во Центар се разочарани од ваквиот начин на владеење.

„Ако ги погледнете резултатите, 68 проценти од граѓаните се изјаснија против политиките на Горан Герасимовски. Тоа е сигнал дека Центар сака промена, а не продолжение на криминалните урбанистички политики.“ – заклучи Минчев.

Движењето ЗНАМ останува посветено на принципите на транспарентност, одговорност и конкретни резултати во секоја општина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вртоглаво опаѓа рејтингот на Макрон, во моментов е на ниво од 16 проценти
Следна Статија Единаесет месеци затвор за родител, кој тепаше двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“ на натпреварот со „Шкупи“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изградија и реконструира патишта во должина од над 770 километри, направени се речиси 47 километри нови водоводи, модернизирани над 400 училишта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на тоа што…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Во 2015 година 5,8 милиони, во 2020 година 11 милиони евра, Филипче дупло гo зголеми буџетот на „Жан Митрев“

„Последниот случај со Клиничката болница Жан Митрев и јавното сведоштво на докторот Митрев, целосно го разобличи начинот на владеење на…

January 24, 2026
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува функцијата во работното тело на Собранието

За Движењето ЗНАМ – За наша Македонија сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на…

January 11, 2025
ПОЛИТИКА

Дали се подготвува “Прво граѓанско востание”?

Денес, иако се обидовме, не успеавме да добиеме ниту потврда, ниту негација на веста за можната кандидатура на тандемот Емилијан…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?