Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Родителот кој доби 11 месеци затвор за напад на двајца 15 годишни фудбалери ќе се жали на одлуката
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Родителот кој доби 11 месеци затвор за напад на двајца 15 годишни фудбалери ќе се жали на одлуката
ХРОНИКА

Родителот кој доби 11 месеци затвор за напад на двајца 15 годишни фудбалери ќе се жали на одлуката

Објавено October 27, 2025 17:38
Сподели
Сподели

Бранителот, Асмир Алиспахиќ на родителот кој денеска доби казна затвор од 11 месеци, бидејќи на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ на фудбалскиот натревар меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи учествуваше во инцидентот, а во кој беа повредени двајца 15 годишни фудбалери најави желба на пресудата до Апелациониот суд во Штип. Алиспахиќ вели дека очекувале ослободителна пресуда, бидејќи неговиот клиент, 43 годишниот родител не ги тепал 15 годишните фудбалери во спорната 89 минута на натреварот меѓу младинските екипи на Брегалница и Шкупи на 24 август.

-Секако дека обраната не е задоволна од ваквата изречена пресуда, со оглед на теоријата на случај, која ја застапуваше од самиот почеток, а тоа е дека истиот воопшто не ги преземал дејствијата, коишто му се ставаат на товар. Ова е неправосилна пресуда, по добивањето на писмената пресуда, секако дека ќе го искористиме правото да вложиме жалба до повисокиот суд, вели Алиспахиќ.

Прашан која е тезата на одбраната и дали имало насилство на теренот, бранителот Алиспахиќ со одговор дека не само што немало насилство од страна на неговиот клиент, туку, како што вели, не ги ни сторил тие дејствија што му се ставаат на товар.

-Се случува еден немил настан помеѓу децата на двете екипи, Фудбалскиот клуб Шкупи и Фудбалскиот клуб Брегалница. Но, тие немили настани не ги инволвираат родителите на двата клуба, туку родителите на двата клуба се обидуваат да ги спречат тие немили настани, којшто се случуваат помеѓу децата, фудбалерите на двете екипи. Токму и она што како перцепција можевме да го видиме во јавноста е пристап на родители со цел да се раздвојат децата, со цел да не се создаде поголема конфузија и нервоза, рече Алиспахиќ.

Од Основното јавно обвинителство за МИА велат дека пресудата за овој случај е денеска изречена во штипскиот Основен суд. Откако ќе биде прочитана, разгледана, обвинителството ќе оцени дали ќе поднесе жалба до повисокиот суд, односно до Апелациониот суд во Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Вардар преплавен со стотици пластични шишиња фрлени во реката
Следна Статија Утре од 10 до 12 часот: Бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Контролор во ЈСП претепан од лице кое немало билет

На 12.01.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како…

January 13, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште…

July 4, 2025
ХРОНИКА

19-годишен мотоциклист загина рано утрово во Прилеп

19-годишник смртно настрада во сообраќајка несреќа утрово во Прилеп. На 30.04.2026 во 06:23 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека…

April 30, 2026
ХРОНИКА

Обид за убиство: Жена од Велес му нанела убодна рана на вонбрачниот сопруг

Вчеравечер во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа…

July 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?