Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Кога жените водат, енергетиката свети посилно – не чекајте дозвола, заземете го вашето место

Објавено October 30, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Инклузивната и праведна зелена енергетска транзиција е невозможна без еднакво учество на жените. Тоа беше пораката што силно одекна на сесијата „Жени во енергетиката“, одржана во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14) во Скопје.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во инспиративно обраќање ја отвори сесијата со порака дека без родова еднаквост, нема вистински напредок во енергетскиот сектор.

„Живееме во пресуден момент. Глобалната енергетска транзиција ги менува економиите, индустриите и општествата. А овде, на Западен Балкан, ние не сме само следбеници на тие промени — ние сме дел од оние што ги водат.

Македонија е горда што е дел од оваа трансформација: инвестираме во обновлива енергија, ја зајакнуваме регионалната соработка и се грижиме нашата транзиција да биде одржлива и праведна“, рече Божиновска.

Министерката истакна дека овој процес нема да биде целосен доколку не е инклузивен.

„Напредок кој ги остава жените зад себе – не е вистински напредок. Предолго, енергетиката – од инженерство до лидерство – се сметаше за ‘машки свет’. Но, ние секојдневно докажуваме дека тоа веќе не е така. Кога жените водат, енергетиката станува поумна, поправедна и похумана“, нагласи таа.

Податоците, како што потсети Божиновска, го потврдуваат тоа:

„Според Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA), организациите со повеќе жени на лидерски позиции во енергетиката имаат и до 20% повисоки перформанси и иновации. Светскиот економски форум покажува дека родово разновидните тимови се покреативни, попрофитабилни и поотпорни во кризи. Кога жените се оснажени, целиот сектор — и целото општество — добиваат.“
Во еден од најемотивните делови од говорот, министерката се обрати директно до младите жени:
„Не чекајте дозвола за да водите – заземете го вашето место.
Не ги замолчувајте вашите идеи – кажете ги смело.
Не се сомневајте во вашата сила – посилни сте отколку што мислите.
А до мажите – и вие сте ни потребни. Вистинскиот напредок се случува кога стоиме рамо до рамо, како сојузници, работејќи за истата визија за еднаквост и напредок.“

Во своето обраќање, министерката сподели и лично искуство:
„Како жена во енергетиката, знам дека патот не беше секогаш лесен. Многу од нас мораа да се борат за своето место на масата и да докажат дека компетентноста нема пол. Но секоја пречка што ја рушиме – отвора пат за друга жена да се издигне.“
Таа подвлече дека како министерка поставила јасна мисија – да ја смени перцепцијата дека енергетиката е машки свет.
„Организирам настани и менторски програми за студентки од техничките факултети, за да видат дека нивната иднина може да биде токму овде – во енергија, технологија и лидерство. Работам со жени од рударството и индустријата, чии резултати често остануваат невидливи, но се клучни за нашите успеси.“

Божиновска додаде дека Министерството за енергетика денес е меѓу најродово-избалансираните институции во земјата.
„Имаме повеќе жени од мажи и многу од клучните сектори ги водат силни, стручни и одлучни жени. Тие се жив доказ дека компетентноста нема пол,“ рече министерката, додавајќи дека е особено горда што ја претставува Македонија како амбасадорка на WOBA – Women on Board Adria, регионална мрежа што ги поврзува и поддржува жените лидери во Адриатскиот регион.

„Преку WOBA работам за да им отворам врати на жените во одборите и носењето одлуки, за да ги зајакнеме нивните лидерски улоги и да обезбедиме нивниот глас не само да се слуша, туку и да се вреднува. Верувам дека жените заслужуваат повеќе – повеќе можности, повеќе признание, повеќе лидерство. Но исто така верувам дека мора да се избориме за тоа. Рамноправноста не е услуга, тоа е право што мора да го бараме, браниме и градиме – заедно.“

Божиновска го заврши обраќањето со цитат од Маргарет Тачер:
„Ако сакате нешто да се каже – прашајте маж; ако сакате нешто да се направи – прашајте жена.“
„Да бидеме тие жени што прават работи – што водат, инспирираат и создаваат енергетска иднина во која светлината свети посилно за сите.“

Во рамките на сесијата, претставничката на УНДП, Ана Чернишова, потсети дека учеството на жените во енергетската транзиција сè уште е ограничено, главно поради структурата на пазарот на труд и секторската сегрегација.

„Техничката експертиза и носењето одлуки во секторите на енергија и климатски промени се доминантно концентрирани кај мажите. Ова укажува на потребата од таргетирани политики за зголемена родова рамноправност во зелената транзиција,“ истакна Чернишова.

Таа додаде дека преку Програмата за зелен финансиски инструмент, УНДП приоритизира инвестиции во жени претприемачи и домаќинства каде што жените се носители на приходот. Досега се поддржани речиси 8,5 милиони долари инвестиции во решенија за чиста енергија.

Панелистите на сесијата заклучија дека иднината на енергетиката е инклузивна, фер и визионерска — со подеднакво место за сите што ја движат напред.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Меркур влезе во Стрелец: Астро прогноза за секој хороскопски знак
Следна Статија Кој е новиот газда на Лукоил: Два пати се женел, сака луксуз и јахти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пуштивме 42 км автопат и 31 км пруга во употреба за само две недели

Во период од 10 дена пуштање во употреба на три големи инфраструктурни проекти, нешто што се нема случено во историјата…

January 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Pepco влегува на македонскиот пазар – првата продавница се отвора во 2026 година во Скопје

Европскиот дисконтен малопродажен синџир Pepco ќе ги отвори првите продавници во Македонија во средината на 2026 година, започнувајќи во Скопје.…

October 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Завршува есенската потрошувачка кошница, Владата најавува дека ќе реагира ако повторно се зголемат цените

Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница.…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Не е сериозен предлогот на СДСМ за укинување на 5% ДДВ за 250 производи

Во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се осврна на актуелните мерки за есенската потрошувачка…

November 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?