Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 8 ноември на МТВ почнува „Буквождер“ нова македонска анимирана серија за деца, продолжение на „Бушава азбука“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На 8 ноември на МТВ почнува „Буквождер“ нова македонска анимирана серија за деца, продолжение на „Бушава азбука“
МАКЕДОНИЈА

На 8 ноември на МТВ почнува „Буквождер“ нова македонска анимирана серија за деца, продолжение на „Бушава азбука“

Објавено October 31, 2025 09:38
Сподели
Сподели

На 8 ноември на МРТ и на јутјуб каналот на Бушава азбука ќе почне да се емитува „Буквождер“, нова македонска анимирирана серија за деца која ја слави магијата на јазикот, пријателството и заедништвото.

Малите херои, Дарија, Марко и Филип заедно со нивниот чудесен сојузник бувчето Ѕе, тргнуваат во авантури полни со хумор, музика и корисни знаења за јазикот и секојдневниот живот.

Првата сезона од „Буквождер“ има 10 епизоди и е планирано покрај нив да се појават и дополнителни содржина како песни, едукативни видеа, сликовници, игри за развој на креативноста и слично.

„Буквождер“ е новото официјално поглавје од проектот „Бушав свет“, токму во годината кога се одбележуваат 40 години од првото емитување на „Бушава азбука“, копродукција на 2БА Продукција, Види Вака раскажувачко студио и МРТВ.

Многу сум среќен дека конечно „Буквождер“ ќе ја доживее својата премиера. Проект кој е работен со многу љубов и феноменална екипа на која сум многу горд. Носиме свежа и многу потребна забавно-образовна содржина за деца“ вели Георги М. Унковски, режисер и продуцент.

Гласовите на Дарија, Марко и Филип ги позајмуваат Ивана Павлаковиќ, Дамјан Цветановски и Ангела-Александра Ивановиќ, а сценариото е на Калија Киселичка.

Томи Џуровски е уметнички директор, дизајнот на звук е на Сашко Поттер Мицевски, ко-дизајн на звук Марко Наумовски. Тимот аниматори е составен од Горан Менков, Никола Димов и Дамјан Михаилов, а монтажата е на Марјан Николовски. Композитор на музиката е Георги Шарески. Продуценти на серијата се Горан Игиќ и Мите Кузевски.

Ова е едукативна авантура има за цел да поттикне љубопитност кај децата и кај возрасните, но и да ги поврзе световите на „Бушава азбука“ и „Буквождер“, да си ги вратиме бушавите букви дома преку една нераскажана приказна за нив што ќе пополни една голема празнина од 40 години и ќе нè одведе поблиску до реализација на „Бушав буквар“, последното дело на Горан Стефановски и играно продолжение на „Бушава азбука“. Со емитување на МРТ и паралелна дистрибуција на нашите социјални мрежи, ја правиме серијата достапна, бесплатна и блиска до семејствата, вели Горан Игиќ, продуцент на Буквождер и ко-основач на Види Вака раскажувачко студио.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Британскиот крал Чарлс Трети му ги одзеде титулите на принцот Ендру и нареди иселување од палатата
Следна Статија Се заканил со убиство кон функционери на политичка партија: Поведена постапка за загрозување на сигурноста против тетовец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е Собор на Пресвета Богородица

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло време, до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик.…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Патници на лет за Скопје останале заглавени на аеродромот во Истанбул: Повеќе пати променет гејт, исчезнат летот од инфо-таблите, оставени без храна…

Десетина патници од летот ТК1005 на релација Истанбул – Скопје синоќа останале на аеродромот во Истанбул, откако авиокомпанијата Turkish Airlines не…

July 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?