Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мециновиќ: 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мециновиќ: 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе
ПОЛИТИКА

Мециновиќ: 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе

Објавено October 31, 2025 19:14
Сподели
Сподели

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција истакна дека ако се случи тој да победи таа победа ќе биде натпартиска, но потенцира дека и мандатот ќе биде таков.

– Ако се случи победата, ќе биде натпартиска, а и мандатот ќе биде таков. И да не победиме, иако сме сигурни дека во недела ќе славиме победа, веќе никогаш нема да можат да лажат дека гласањето за трети опции и независни кандидати не може да дојде до некоја физичка манифестација. Не. Еве волјата на оние кои се обидоа да гласат поинаку, еве ја во вториот круг. Нивното делегирање, на нивниот легитимитет, не донесе во вториот круг. Џабе им е. Ништо веќе нема да биде исто. Во недела Скопје треба да се соочи со системот. Со оваа политичка мобилизација која ја имаше во изминативе недели, сметам дека Скопје може да соочи со системот и да ја однесе победата. Во оваа кампања сфативме дека на Македонија и е доста од ароганција, бидејќи 30 години имаме ароганција од најнеспособните луѓе, рече Мециновиќ.

Тој најави дека откако ќе заврши изборниот циклус, правниот тим на Левица ќе поднесе кривични пријави и тужби поради, како што вели, невиден инцидент во кој бил јавно објавен неговиот Единствен матичен број на граѓанин (ЕМБГ) за време на изборната трка. Тој оцени дека станува збор за сериозна злоупотреба и повреда на човековите права.

-Во овие избори се случи преседан кој никогаш не се случил досега. Во моментот кога јавноста сосема ги имаше вперено своите очи во два кандидати, кога бевме јас и Орце Ѓорѓиевски најрелевантни во јавниот дискурс, мене ми беше обелоденет ЕМБГ, што е длабоко класифициран податок за нашите граѓани и тоа е нешто што не се случило досега. Тоа е страшна злоупотреба и е кривично дело. Ова мене навистина ништо не ми значи, но мислам дека треба на сите нас да ни значи. Утре исто може да ви го направи некој друг и на вас. Која институција се обиде превенира таква ситуација? Која институција реагира откако се случи таква ситуација? Ова е прашање на човекови права. Ова е прашање на правата кои ги имаме ние пред државата. Ние живееме во социопатска политичка култура која се наметнува. Освен инцидентот со ЕМБГ, имаме уште низа измислици, шпекулации, напади по интегритет, напади по семејство, по луѓе кои не беа инволвирани во оваа кампања. Сето тоа ќе биде пропратено со тужби и кривични пријави, рече Мециновиќ.

Потенцира дека сите институции биле впрегнати во победа на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски.

-Моќта е во институциите и сите институции беа впрегнати во победа на Орце Ѓорѓиевски. Тој ги имаше сите пари на негова страна, сите привилегии за рекламирање, на крај не уценуваа како граѓани дека ако не победи Орце пак ќе живеете во смет. Човекот доби се. Неговиот тим вади лични документи. Тоа е нивната политика – на служби, на бизниси, на репресија. Нашата политика е политика на комуникација со јавноста. Знаете како ние функционираме? Ние функционираме вака во разговори со вас и на социјалните медиуми. Тоа е нашата комуникација. Нивната комуникација е структурирано насилство. Ова што се случи на овие избори е структурно насилство преку институциите и преку механизмите за владеење, рече Мециновиќ.

Тој нагласи дека имало многу кривични дела во самата што е, како што посочи, еден страшен удар по демократскиот процес.

-Ја видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Република Македонија. Кампања која се однесуваше за личност, а не за нешто сторено. Затоа што, повторно ќе ви кажам, никогаш досега ВМРО-ДПМНЕ немаше противник на кој не може да му каже „вие ова продадовте, вие направивте тоа“. Не. Ние едноставно го видовме авторитарниот нарав на ВМРО-ДПМНЕ. Ситуацијата е многу сериозна. Ситуацијата не е весела, не е за смеење, затоа што тоа што се случува денеска со нашата кампања утре може да се случи со вас новинарите, со сите политички неистомисленици на ВМРО-ДПМНЕ како што го гледавме тоа од минатото и може да се случи на недолжни граѓани. Ние сега имаме силен аларм дека за ВМРО-ДПМНЕ и за владејачката елита во Македонија не постои граница, не постои табу, не постои морал. Сите можни механизми кои им се останати на располагање, ќе ги искористат само за да останат на власт. Сето ова тие не го прават за доброто на граѓаните, за наше добро. Сево ова се случува за да се исполнат желбите на малкумина луѓе. Но, токму тоа е и нашиот поттик. Токму тоа ќе донесе и до резултатот кој го очекуваме во вториот круг. Народот веќе не може да биде уценуван. Тоа го видовме во овој втор круг – ВМРО-ДПМНЕ ја наметна приказната дека ако нивниот кандидат не победи дека нема да функционира Градот. Тоа не поминува. Градот одби да биде уценет и Градот е разбуден после првиот круг и сметам дека во недела само ќе кулминира она кое го правиме со месеци, изјави Мециновиќ.

Ако ние ја добиеме поддршката и ако победиме во вториот круг, како што потенцира Мециновиќ, нашиот фокус од првиот ден ќе биде човекот.

-Ние како градска власт ќе правиме се по желбите на нашите граѓани. Веќе никогаш нема да има ниту една пресметка, ниедна бизнис пресметка, ниедна калкулација, економска шпекулација или било што ќе може да биде поттик и мотив за една градска власт како што сме виделе досега. Ништо од тоа нема да биде пред приоритетот на благосостојбата на нашите граѓани. Нашата градска власт по сите прашања пред се ќе се води од потребата на оние луѓе за која таа работа се однесува пред било која друга рационализација што може да се направи, рече Мециновиќ.

Потенцира дека тие како градска власт целосно ќе бидат отворени кон сите забелешки кои што може стручната фела да ги дава како што ќе се случува мандатот. Нагласи дека во следните четири години приликите можат многу да се сменат и оти треба да слуша стручната фела да се следи пулсот на граѓаните.

Ги повика граѓаните на 2 ноември да излезат на гласање и да ја изберат, како што рече, опцијата против режимот. Мециновиќ ги повика сите негови противкандидати да дадат поддршка за него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Насилство во Петровец: Ја тепал и гушел сопругата пред ќерките и внуката
Следна Статија Од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ахмети: Ако се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од партиските функции

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен…

December 11, 2024
ПОЛИТИКА

Како Османи во бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ молеше да остане во владата

На Бујар Османи или не му кажале, или не сака да се сети на времето кога преговарачкиот тим на ДУИ…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

По кој параметар Албанија е поподготвена од нас, праша Мицкоски

Што треба да направат некои други држави затоа што нивните сонародници во трети земји напредуваат заедно со тие трети држави.…

October 3, 2024
ПОЛИТИКА

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 години, за кубење коса – 4 години, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС, обвини ВМРО-ДПМНЕ

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?