Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО Скопје бара одземање на двете патни исправи на лицето кое го усмрти Јорго Ќука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО Скопје бара одземање на двете патни исправи на лицето кое го усмрти Јорго Ќука
ХРОНИКА

ОЈО Скопје бара одземање на двете патни исправи на лицето кое го усмрти Јорго Ќука

Објавено November 4, 2025 20:15
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 3 ноември, управувајќи автомобил “Фолксваген пасат” по булеварот “Гоце Делчев” во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

Автомобилот го управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка.

Пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата “Лазар Личеноски” осомничениот 37-годишник со предниот дел на возилото удрил во велосипед, управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот оштетениот се здобил со тешки телесни повреди и починал.

Надлежниот јавен обвинител одлучи да достави до Судот предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на македонска и српска патна исправа од осомничениот кој има двојно државјанство, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска да се јавува повремено кај надлежен државен орган.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две лица загинаа, а три се повредени во сообраќајна несреќа
Следна Статија Amazon и Open AI склучија договор од 38 милијарди долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Безживотно тело на девојка пронајдено во Tетово, Обвинителството врши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно…

November 6, 2025
ХРОНИКА

Обвинение за судијка и сопственици на фирма од Велес поради измама со документи во катастар

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на ланец аптеки…

January 14, 2025
ХРОНИКА

Уапсен пијан возач од Скопје

На 01.05.2025 во 00.10 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ѓ.(46)…

May 1, 2025
ХРОНИКА

Пожарникар нападнат во Куманово

На 11.02.2026 во 17:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Љ.Г.(32) и Ф.С.(32), двајцата од Куманово.…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?