Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори
МАКЕДОНИЈА

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори

Објавено November 5, 2025 13:05
Сподели
Сподели

До денеска претпладне до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите.

Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен за постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 2034, 2033, 2032, 2035, 2034, 2033, 2032, 2035 во Брвеница. Во оваа општина во вториот круг од изборите победи Јовица Илиевски поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со 4374 гласа, додека Рамадани освои 4224 гласа.

Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за избирачките места 2956, 2971/1, 2973, 2959/1, 2955, 2956/1, 2959, 2961/1, 2961, 2971 во Шуто Оризари. И Сојузот на Ромите има поднесено приговори за Шуто Оризари и тоа за гласачките места 2966, 2962 и 2961. Во оваа општина во вториот круг од изборите победи Курто Дудуш од Унијата на Ромите со 3.894 гласови, а Ерџан Демир поддржа од Коалицијата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ освои 3.406 гласа.

Коалицијата „Искуство за успех“ која го поддржуваше Стевчо Јакимовски за гласањето во Карпош поднела приговори за сумиорање и утврдување на резултатите за избирачките места 2631 и 2613. Во Карпош победи кандидатот поддржан од од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Сотир Лукровски со 13.512 гласови, додека Јакимовски освои 12.378 гласови.

Според информациите од ДИК, седница за одлучување за приговорите најверојатно ќе се одржи утре.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој е Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк?
Следна Статија Герапетритис и Мицкоски се сретнаа во Лондон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиески во убедливо водство во Скопје

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиески, води во вториот круг од локалните избори во Град Скопје…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта: Најавена средба со Орбан

Утре 30.05.2025 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на CPAC конференција во Будимпешта, Република…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

И Митева портпарол на Влада, а Стоилковски Советник за комуникации

Денеска се одржа 25тата владина седница на која се избраа портпароли на Владата на Република Северна Македонија. За портпарол на…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нико Чонески е новиот градоначалник на Крушево

Нико Чонески е новиот градоначалник на Крушево. Тој денес доби најголема поддршка од своите сограѓани, на вториот круг од локалните…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?