Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: СДС е трета партија во државата, петта во Скопје, Филипче под диктат на Заев ја доведе партијата до целосен пад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: СДС е трета партија во државата, петта во Скопје, Филипче под диктат на Заев ја доведе партијата до целосен пад
ПОЛИТИКА

Манасиевски: СДС е трета партија во државата, петта во Скопје, Филипче под диктат на Заев ја доведе партијата до целосен пад

Објавено November 5, 2025 13:19
Сподели
Сподели

СДС доживеа историски пораз. Некогаш големата СДС и наш главен опонент, денес е трета партија во државата и петта во главниот град. Венко Филипче под диктат на Зоран Заев ја доведе партијата до целосен пад, без визија, без стратегија и без доверба кај граѓаните, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Резултатите се јасен показател дека народот ја казни нивната ноншалантност и аздисаност. Со освоени само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, СДС го изгуби она што некогаш беше нејзина најголема предност, а тоа е поддршката во средините каде некогаш доминираше, истакна Манасиевски.

Манасиевски посочи дека во СДС нема реформи, туку само обиди за спас на поединци и криeње на вистинскиот виновник за поразот, Венко Филипче. Оставките без суштина не се решение, само одложување на неизбежното, а тоа е потребата од целосна промена во врвот на партијата, на чело со Филипче.

„Очигледно е дека СДС и натаму функционира под диктат на Зоран Заев. Филипче ниту се дистанцираше од него и неговите политики, ниту покажа капацитет да ја врати партијата на вистински пат.

Ако за Филипче ова е одличен резултат, тогаш ние му се честитаме. Но, вистината е дека под вакво раководство СДС ќе продолжи да тоне.

На Македонија и е потребна вистинска опозиција, а тоа нема да се случи без оставка на Филипче и реформи во СДС“, истакна Манасиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Косово го забранува хиџабот во училиштата
Следна Статија Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да ги лаже Украинците дека ќе влезат во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди формираше нова пратеничка група, колкумина од кај Таравари ќе останат?

Денеска во Собранието е формирана нова пратеничка група на ВРЕДИ. Таа ќе брои девет члена и ја сочинуваат. Африм Гаши,Аднан…

May 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Скандинавски управуваме со општините

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Пендаровски за СДСМ: Постои реална опасност партијата да оди кон исчезнување

Поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски, испрати јасна порака до раководството на неговата СДСМ – дека партијата се наоѓа на…

April 4, 2026
ПОЛИТИКА

Со молкот стануваш соучесник, вели Шилегов

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. 1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии,…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?