Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопскиот градоначалник најави ревизии во сите јавни претпријатија – докази и информации за можни незаконитости
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопскиот градоначалник најави ревизии во сите јавни претпријатија – докази и информации за можни незаконитости
МАКЕДОНИЈА

Скопскиот градоначалник најави ревизии во сите јавни претпријатија – докази и информации за можни незаконитости

Објавено November 7, 2025 13:46
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера изјави дека до него пристигнала нова информација поткрепена со документи, која укажува на можни незаконитости во работењето на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

„Дополнително има една информација која стигна до мене, поткрепена со документи. Повикувам надлежните институции да постапуваат, бидејќи станува збор за ангажман на возила за чистење преку Комунална хигиена, а истите возила се плаќани на име на физички лица кои добивале интелектуални услуги во износ од пет до десет илјади евра“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека очекува надлежните институции да го испитаат случајот и да преземат соодветни мерки.

„Повикувам институциите одговорни и надлежни да ја испитаат работата. Јас најавив дека ќе има одговорност и ревизии. Вечерва ве информирам дека имаме сериозни индиции за прекршување на законите, особено во Комунална хигиена“, нагласи синоќа градоначалникот.

Ѓорѓиевски посочи дека во наредните денови ќе се извршат проверки и во останатите јавни претпријатија под надлежност на Градот Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје
Следна Статија До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен в четврток во Скопје ќе се сретне со државниот врв

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в четврток ќе допатува во посета на Македонија, во рамки на четиридневната…

October 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност

Владата најави двојно зголемен буџет за науката и научната дејност во Македонија. Во моментот имаме два огласи кои ги објави…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Дури 67 отсто од градинките во Македонија работат со преоптоварени капацитети

Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во…

April 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски- Спиро: Крипто пазарот и блокчејн технологија во фокус на разговорот- мора да чекориме со големи чекори напред за Македонија да биде повторно горда

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со главниот директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во Светот, Џеси…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?