Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка -го намамиле да влезе во кола и му пукале во глава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка -го намамиле да влезе во кола и му пукале во глава
ХРОНИКА

Откриен еден од извршителите на убиство во Чашка -го намамиле да влезе во кола и му пукале во глава

Објавено November 7, 2025 14:28
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го лишиле од живот велешанецот Ѓело Ѓошев.

Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала.

Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката.

Од тие причини, за јавниот обвинител јасни се опасноста од бегство, можноста за влијание на сведоците и ризикот да го повтори делото, па достави предлог за определување мерка притвор.

По наредби на јавниот обвинител МВР интензивно работи на откривање и на другиот соизвршител, како и на точните мотиви за убиството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Гунвор“ се откажа од купување на „Лукоил“
Следна Статија За многу години: Денеска е Митровден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Екс вработени во МВР добија кривични, еве што направиле

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава…

April 28, 2025
ХРОНИКА

Изгаснат е пожарот кај Јосифово, три се сè уште активни

Пожар избувна во валандовското село Јосифово, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Првично гореше сува трева, но поради силниот…

June 29, 2025
ХРОНИКА

Возач прегази жена во Ченто, па избега

Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов- Ченто“ во Скопје, патничко возило удрило во…

December 16, 2024
ХРОНИКА

Вандал влегол во штипско училиште и уништил смарт табли, компјутери, инвентар и со спреј испишал недолични пораки

Вандалски чин во ООУ „Ванчо Прќе“-Штип е причина што денеска нема редовна настава за над 1.100 ученици во ова училиште,…

April 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?