Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По 19 години работа, македонски доктор без образложение избркан од струшката болница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По 19 години работа, македонски доктор без образложение избркан од струшката болница
МАКЕДОНИЈА

По 19 години работа, македонски доктор без образложение избркан од струшката болница

Објавено October 20, 2024 23:17
Сподели
Сподели

Физиотерапевтот од Струга, Димче Димоски, кој 19 години работел по договор на дело, остана без работа откако новиот директор на Специјалната болница за нефрологија, др Јетмир Зиба, не му го продолжил договорот. Димоски изјави дека на неговото место се вработиле тројца нови физиотерапевти, кои, според него, немаат искуство за работата што ја преземаат.

Без никакво образложение, не ми беше ништо образложено, зошто не ми се продолжува договорот, а на мое место беа донесени двајца надворешни колеги, физиотерапевти. А пред три дена на 16-ти донесоа уште една нова колешка“, вели Диме Димоски.

Директорот на Специјалната болница за нефрологија, д-р Јетмир Зиба, не даде коментар за причините поради кои договорот на Димоски не бил продолжен, но најави дека следната недела ќе се произнесе за случувањата.

Димоски, сопруг и татко на две малолетни деца, дипломирал како физиотерапевт. Од 2005 до 2014 година работел во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, потоа работел приватно неколку години, а последните две години бил ангажиран во Заводот за нефрологија во Струга.

Фамилијарен човек сум. Сопруг и татко на две деца. Се снаоѓаме некако. Мојата сопруга е вработена и така крпиме некако“, вели Димовски.

Негови колеги од болницата го опишуваат како професионалец кој одлично ја познава својата работа.

Димоски беше врвен стручњак, човек на кој можеш да се потпреш во секој момент. На негово место дојдоа тројца нови кои не се едуцирани и компетентни за таа работа“, порача Елизабета Димоска-Чифлигароска.

Таа смета дека во време на недостиг од професионален медицински кадар, ваквите постапки, со кои професионалците се оставаат без работа, се недозволиви.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хамас: Во изминатите 24 часа во Газа загинаа најмалку 84 лица, вкупно 42.603 жртви
Следна Статија Трамп: Зеленски е најголемиот трговец на светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Советот на јавни обвинители ќе отвори постапка затоа што премиерот Мицкоски ја нарече Ленче Ристоска медиокритет

Советот на јавни обвинители ќе отвори постапка по известувањето на обвинителката Ленче Ристоска против премиерот Христијан Мицкоски, откако тој ја…

January 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Родителите со порака до пратениците: Голема НЕ(благодарност) за поддршката

Попладнево во Кочани започна уште еден протест за подршка на семејствата на жртвите и повредените во страшниот пожар во кој…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Секој граѓанин заслужува да има увид во тоа како се трошат јавните средства

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешниот дигитален хакатон со млади во Собранието, истакна дека е време е за…

October 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Угина гибонката Софи од ЗОО Скопје, потврдена туберкулоза

Зоолошката градина Скопје известува дека на седумгодишна возраст угина гибонката Софи. -Софи пред 12 дена пројави симптоми на малаксаност и…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?