Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски: Финансии не ни дозволува ниту едно вработување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски: Финансии не ни дозволува ниту едно вработување
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Финансии не ни дозволува ниту едно вработување

Објавено November 11, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Мерките што власта ги најавува во правосудството по завршување на локалните избори, државниот обвинител Љупчо Коцевски ги коментира како политички изјави. Премиерот Христијан Мицкоски веќе подолго време зборува за смена на републичкиот обвинител преку собраниска процедура, која според најавите на власта треба да се случи по изборите. Претходно Советот на јавните обвинители даде негативна оценка по образложението на Владата за разрешување на Коцевски, и се најде во последниот извештај на ЕК за напредокот на земјава. Меѓудругото, извештајот нотираше дека за ефикасни истраги потребни се човечки и материјални ресурси.

– Во конкретниот случај во Јавното обвинителство, тоа го истакнувам повеќе пати, работиме со јавнообвинителска служба од една третина, што значи околу 360 вработени, а ни требаат околу 1 126. И минатата 2024 и оваа 2025 и за наредната година од страна на Министерството за финансии не ни се дозволува ниту едно вработување, изјави Коцевски, одговарајќи на новинарски прашања пред седницата на Советот на јавни обвинители.

Согласно Законот за јавното обвинителство, нагласи Коцевски, процентот на средствата за ЈО треба да биде 0,4 % од БДП, а сега, исто како и минатата година се предвидени 0,2 отсто.

-Без разлика што, се настојува со новиот Закон за јавно обвинителство, дури да се покачи на 0,5%. Што значи дека истиот износ во однос на паричните средства е и во минатата и оваа година, како и за наредната година, посочи Коцевски

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Алиу: Годинава обезбедени 58 лека за 430 пациенти со ретки болести
Следна Статија Турците и Србите најбројни туристи – доаѓаат и Германци и Полјаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Oд 14 јануари ќе се возиме по нов експресен пат од Градско до Дреново

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 14-ти јануари да биде пуштена првата делница од Градско до Фариш од експресниот пат Градско-Дреново…

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски ги демaнтира шпекулациите: Во Македонија нема да се градат мигрантски кампови

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово за Радио Лидер ги демантираше шпекулациите кои се шират по опозициските медиуми…

October 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежи

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице

Во годинава што изминува бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка.Новата…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?