Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одложено рочиштето за злоупотреба на спортски ваучери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одложено рочиштето за злоупотреба на спортски ваучери
МАКЕДОНИЈА

Одложено рочиштето за злоупотреба на спортски ваучери

Објавено November 13, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд – Скопје го одложи денешното судско рочиште за предметот што се однесува на злоупотребата на државните спортски ваучери, во кој се обвинети вкупно 12 лица, меѓу кои и двајцата поранешни директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски.

Како што информираа од Основниот кривичен суд, судската постапка ќе продолжи во редовна процедура, а следното судско рочиште ќе се одржи според претходно утврдените датуми. На почетокот од годинава, судската постапка започна од почеток поради промена на Судечкиот совет, откако судијката Џенета Бектовиќ која го водеше предметот беше избрана за член на Судскиот совет, додека нов претседавач на Советот стана судијката Фросина Стојаноска. Како што информираа од Кривичен, судската постапка.

На денешното рочиште требаше да продолжи доказната постапка и судот да се произнесе по неколку барања поднесени од одбраната, меѓу кои и барањето за прекин на постапката што го поднесе адвокатот Петре Шилегов, бранител на обвинетиот Каевски. Одбраната побара судот да ја прекине постапката или обвинителството да го повлече обвинителниот акт, повикувајќи се на измените во Законот за спорт, со кои – според нив – е укинат членот што бил правна основа за наводните злоупотреби со ваучерите.

Според обвинителството, измените во Законот не претставуваат декриминализација на делото, бидејќи суштината на кривичното дело „злоупотреба на службената положба“ се однесува на дејствието на извршување, а не на конкретен член од материјалниот закон.

Обвинителката Лидија Раичевиќ претходно посочи дека доказите веќе се доставени и дека нема правен основ постапката да биде запрена, нагласувајќи дека станува збор за сериозен предмет кој треба да продолжи во редовна судска процедура.

Случајот, познат во јавноста како „спортски ваучери“, се однесува на наводни злоупотреби при распределбата на финансиски средства преку државната програма за поддршка на спортот.

Освен Каевски и Мојсовски, меѓу обвинетите се и претседателот на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски, како и Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Тие се товарат за кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“, а на првото рочиште во јануари сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Докторот Александар Трајановски ќе биде нов потпретседател на СДСМ
Следна Статија Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пола милијарда евра за проекти во општините, околу 11 до 12 милиони евра за Куманово

Од централниот буџет предвидени се пола милијарда евра за прокти во општините, од кои 11 до 12 милиони евра за…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Снегот нема да ги изненади институциите, вели Ангелов

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека државата е подготвена за претстојната зимска сезона, за врнежите со снег. Ваквиот…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Декември оваа година ќе биде малку потопол од просекот, врнежите просечни

Декември оваа 2025 година во нашата Македонија ќе биде малку потопол од 30 годишниот просек, односно ќе биде потопол за…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Свети Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Главнoтo празнувањe му e на 23 дeкeмври/5 јануари, а на 20 јуни/3 јули му e лeтeн празник) Православните верници денеска…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?