Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 отсто од БДП за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 отсто од БДП за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Прифатлив е процентот од 0,35 отсто од БДП за судиите и обвинителите, како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 отсто членки на ЕУ

Објавено November 20, 2025 15:21
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека е прифатлив процентот од 0,35 отсто од БДП да се одвојува за судиите и обвинителите. Вели дека како држава за правосудниот систем одвојуваме повеќе од 75 проценти од земјите-членки на ЕУ.

– Детално периодов го проучувам овој случај, вклучително делот со буџетот којшто се одвојува за судството и за Обвинителството. Дури и Венецијанската комисија има забелешки за тој член каде што се определува судскиот буџет, практично. Пред неколку дена давав посеопфатна анализа за состојбата во делот на финансирањето на правосудните системи во Европа. И од таа анализа, направена и финансирана од европска институција – тоа е Советот на Европа, за податоци од 2022, објавена 2024 година, дојдовме до заклучок дека ние како држава одвојуваме пари од буџетот за правосудниот систем повеќе од 75 проценти земји-членки на ЕУ. Ние одвојуваме 0,39 проценти од нашиот БДП тогаш 2022-ра, сега замислете во 2023-та и 2024-та БДП многу повеќе порасна отколку во 2022-ра. Франција е 0,2, a Германија е 0,3 од нивниот БДП. Европскиот просек отприлика е 0,3, рече Мицкоски.

Според премиерот, како држава не можеме да си дозволиме зголемување од 1,3 проценти, од кои 0,8 за судови и 0,5 за обвинител од БДП.

– Тоа би било негде 260 милиони долари годишно, кога тие пари ги немаме. А од друга страна се бара од нас фискална консолидација, бидејќи претходната влада не направила фискална консолидација и ние од високи нешто под 5 проценти буџетски дефицит оваа година се консолидираме под 4 проценти, а догодина се обидуваме да дојдеме и до 3,5 проценти, а зошто да не и под 4 проценти буџетски дефицит. Така што, јас мислам дека 0,25 проценти е нешто кое што е прифатливо за судовите и 0,1 процент за обвинителите или севкупно 0,35 проценти од нашиот БДП, потенцира Мицкоски.

Тој повтори дека има претседатели на судови коишто имаат месечни примања од околу 180 илјади денари, околу три илјади евра месечно.

– Јас како премиер, мојата плата со стажот во годините којшто го имам од претходно е 155 илјади денари, отприлика 2,5 илјади евра. Судиите немаат под 100 илјади. Судија почетник, на пример, во Македонија има бруто годишна плата околу 19 илјади и 134 евра. Во Словенија е 34 илјади евра. Значи негде околу 85 проценти повеќе во услови кога БДП на Словенија е 350 проценти поголем од нашиот, што е четири пати повеќе. Така што, ние ќе направиме закон со којшто ќе дозволиме плановите за вработувања, плановите за унапредувања да ги одобруваат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, а нас нека не информираат, ние нема да се мешаме. Како сакаат, како мислат, така нека прават. Ние како Влада сме одговорни пред граѓаните за што се трошат парите, рече Мицкоски.

Премиерот кажа дека „малкумина го контаминираат огромното мнозинство чесни судии и обвинители“. – Ова е ставот и спремен сум политички тоа да го поднесам за оваа состојба во која што ќе бидам критикуван во извештаи во иднина, додаде Мицкоски во изјава за медиуми при посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
Следна Статија Коцевски: Приведени се десетина вработени во УЈП, за случајот „Пулс“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска потврди: Затворен Факултетот за бизнис и економија, контролите на образовните институции продолжуваат

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска потврди дека Факултетот за бизнис и економија е затворен. Одговарајќи на новинарско…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

„НаТочак“ до Тошковски: Заслужуваме барем одговор за нашите предлози за безбеден сообраќај

На 15. мај 2025 година, граѓанската иницијатива НаТочак, преку платформата ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи на Република Македонија), поднесе сет од стручно…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел има сомнение дека се подметнати

Многу тежок ден во справување со пожарите. Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер,…

July 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?