Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

Објавено November 21, 2025 13:45
Сподели
Сподели

За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст во Тирана. Тоа, вели, е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена и нагласувајќи притоа дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот.

-Ова беше резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности. Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно – добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото. Ова не се апстрактни цели. Тие се темелите на современата европска држава, секојдневната реалност што сакаме да ја обезбедиме за нашите граѓани, посочи Мицкоски.

Македонскиот премиер во обраќањето наброи дел од промените кои што, како што рече, веќе се спроведуваат.

-Оваа година поднесовме две барања за исплата на средства, со кои се поддржуваат приоритетните реформи на Владата – особено во областа на дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и подобрување на енергетската ефикасност. Досега се исплатени околу 24 милиони евра, комбинација од заеми и инвестициски грантови. Продолжуваме со натамошни реформски чекори во сите сектори: управување со јавните финансии, дигитална трансформација, развој на бизнисот и реформи во правосудството. Завршувањето на овие чекори ќе отклучи дополнителна поддршка од ЕУ во износ од над 134 милиони евра. Но, ова не се само бројки, ова се приказни за промена, додаде Мицкоски.

Тој го потенцира и приклучувањето на Македонија кон Единствената зона за плаќања во евра (SEPA) меѓу првите партнери од Западен Балкан интегрирани во овој европски систем, потоа проектот WiFi за Западен Балкан (WiFi4WB), којшто се спроведува во 63 општини, Дигиталниот самит во Скопје како потврда на заложбата за интероперабилност, безбеден дигитален идентитет и за поблиско усогласување со европските дигитални стандарди, како и програмата Хоризонт градиме национална Антена на Фабриката за вештачка интелигенција која ја поврзува Македонија со европскиот екосистем за ВИ и со капацитетите за суперкомпјутери.

Мицкоски се осврна и на поврзаноста како врвен приоритет, зборувајќи за модернизација на три гранични премини – Деве Баир, Блаце и Богородица во рамките на иницијативата Зелени ленти, со што Европа физички станува поблиска до граѓаните.

-Нашата зелена транзиција, од енергетски ефикасни студентски домови до нови инвестиции во транспорт и железничка инфраструктура, покажува дека растот и одржливоста можат да одат рака под рака. Вкупно, проекти во вредност од околу 1,1 милијарда евра се во текот на Планот за раст, од кои над половина милијарда се ЕУ грантови, нагласи Мицкоски, кој зборуваше и за продлабочената регионална соработка преку Заедничкиот регионален пазар и Берлинскиот процес, преку кој вели, создаваме простор кој го одразува Европскиот единствен пазар.

-Овие чекори се доказ дека кога ги интегрираме нашите пазари, кога ги поврзуваме патиштата и кога ги усогласуваме правилата, веќе ја практикуваме Европската унија и нејзините вредности, заклучи Мицкоски.

Тој потенцира дека нашата порака денес е едноставна, но, како што рече, цврста: Македонија исполнува.

-Не реформираме затоа што тоа се очекува од нас, туку реформираме затоа што веруваме во европската идеја. Ние ја градиме Европа дома со нашите политики, со нашите дела и со нашите вредности. Сега очекуваме од нашите партнери истото, правичен, меритократски пристап кој ги наградува резултатите и ја препознава посветеноста. Заедно да го претвориме овој План за раст во вистински напредок и промена; Да биде доказ дека европската идеја продолжува да инспирира, да обединува и да дава резултати, не утре, туку денес, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст во Тирана.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Предупредувањето на Кени Аткинсон стана реалност во загубата на Кавалерси со 114-104 против Houston Rockets
Следна Статија Криптосветот се преструктуира: Нови можности среде предизвици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Луѓе од научни установи им се заканувале на вработени во МОН – министерството затвори пет приватни институти

Затворени се пет приватни научни институти, а кај 15-тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Агелер по ставањето на Груби на црната листа: Политичкото мешање во судството не може и нема да се толерира

По објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиевски: Нови идеи од Љубљана за подобрување на Скопје

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, престојува во официјална посета на Љубљана заедно…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не ја оправда

Јавниот обвинител Љупчо Коцвски имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не…

February 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?