Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемата Светска младинска организација, над 45 млади лидери ќе имаат можност да разменуваат искуства и знаење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемата Светска младинска организација, над 45 млади лидери ќе имаат можност да разменуваат искуства и знаење
МАКЕДОНИЈА

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на најголемата Светска младинска организација, над 45 млади лидери ќе имаат можност да разменуваат искуства и знаење

Објавено November 21, 2025 14:34
Сподели
Сподели

На денешниот настан организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на младината на Меѓународната Демократска Унија, на тема „Форум за слобода“, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во својата изјава за медиуми истакна дека како домаќини на најголемата Светска младинска организација ќе имаат можност за размена на искуства со над 45 млади лидери од над 25 земји, притоа наведувајќи дека ваквите настани се од огромно значење за младите политичари.

„Денес на мое огромно задоволство можам да објавам дека сме домаќини почнувајќи од денес и во наредните два дена на најголемата Светска младинска организација, тоа е Интернационалната младинска демократска унија која што ги обединува сите центар десни политички подмладоци од светот. Од денес во наредните два дена овде во Скопје имаме над 45 млади лидери кои доаѓаат од повеќе од 25 земји, денес имам огромно задоволство официјално да го отворам овој настан заедно со потпретседателот на Владата и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во наредните два три дена ние како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме прилика да се вмрежиме со овие како што реков над 45 млади лидери од 25 земји“, рече Попов.

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека настанот претставува прилика за ширење на контакти во иднина помеѓу сите присутни млади лидери, истакнувајќи дека токму ваквите настани се од големо значење за подмладоците на политичките партии.

„Ова претставува огромна прилика за нас како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, како да разменуваме искуства коишто ќе можеме да ги примениме овде во Република Македонија, но така и да градиме контакти за во иднината, бидејќи секој еден од овие млади лидери кои што сте овде присутни, еден ден ќе ги наследи своите сениорски структури во земјата од која доаѓа, исто и како Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ овде во Република Македонија и мислам дека овие настани за нас како млади политичари, како подмладоци на политичките партии се од особено значење, во наредните неколку дена ќе можете да посведочите на навистина квалитетни говорници и квалитетни дискусии“, вели Попов.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кина со реакција до Милошоски за средбата со делегација на Тајван
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали

Шокира фактот дека во 2025 имало 4 745 пријави за семејно насилство и шест случаи на убиство, а за два…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на своите официјални профили на социјалните мрежи, во кое јасно се гледа…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пленковиќ по средбата со Мицкоски во Брисел: Македонија заслужува јасна ЕУ перспектива

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?