Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа
МАКЕДОНИЈА

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Објавено November 22, 2025 11:31
Сподели
Сподели

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во водоснабдувањето на повеќе локации низ државата.

Ресен: Над 50 поплавени куќи и објекти

Во Општина Ресен, реките Болнска и Источка се излеале во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени повеќе од 50 куќи, магацини, визби и земјоделски површини.

Ангажирани се екипи со 4 багери, 7 пумпи и дополнителни приватни пумпи за исцрпување вода. Голема Река бележи водостој од 2,1 метар со почетни излевања во Долна и Горна Бела Црква.

ЈКП „Пролетер“ известува за нарушен квалитет на водата, која привремено не се препорачува за пиење. ТППЕ Ресен интервенира во с. Дрмени со 2 возила и 5 пожарникари.

Битола: Работа на повеќе локации и затворени патишта

Општина Битола пријавува бројни интервенции:

Екипите на јавните претпријатија работат во селата Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени, Лажец, Меџитлија, Острец, Граешница и Кишава.

„Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на р. Драгор кај Долно Оризари.

На мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад за зголемување на протокот.

ХМС „Стрежево“ ги чисти пропустите на Цапарска Река (Доленци–Лера).

Затворени се патиштата Лера–Доленци и кон Цапари поради вода на коловоз.

Нивото на р. Црна е зголемено на 2,7 метри (во 15:30 ч).

ЈКП Водовод работи на дефект што предизвика прекин во водоснабдувањето од Кравари до Меџитлија.

Преку Е-112 пријавени се повеќе поплавени подруми, дворови, паднато дрво и ризик од излевање канали.

Демир Хисар

Излевање на р. Црна кај с. Жван со поплавени земјоделски површини. Екипите расчистуваат одрони на патиштата Базерник и Вирово, кои се проодни.

Прилеп

Пријавено е паѓање таван на куќа на ул. „Кајмакчалан“ како последица од дождовите. Надлежните служби се известени.

Охрид

РЦУК известува за повеќе интервенции на поплавени домови. По прекинот на дождот состојбата се стабилизира, но реките остануваат со висок водостој.

Куманово

Екипите во Крива Паланка и Кратово расчистуваат одрони на регионалните патишта. Водостојот на Кратовска и Крива Река е зголемен, но без излевања.

Скопје

Нивото на реките е покачено, но состојбата е под контрола и нема пријавени излевања.

Струмица

Пријавени се три одрони на патот Струмица–Валандово, проследени до надлежните служби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најдобри Black Friday попусти во Best Buy: Единствени зделки кои не можете да ги најдете никаде друго
Следна Статија АХВ: Граѓаните од поплавените региони да внимаваат со храната и водата за пиење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје и утрово меѓу најзагадените градови во светот

Воздухот во Скопје, отровен. Главниот град се гуши во смог и утрово. Тоа го покажуваат анализите на швајцарската платформа која ги мери…

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почна увидот во опожарената зграда во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи започнаа увид во зградата на улицата „Прохор Пчињски“ во Чаир, каде на 2…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Вардан Тозија: Скопје умира во тивок сообраќаен хаос

Режисерот Вардан Тозија остро реагира на урбанистичките политики во Скопје и предупредува дека градот се гуши во тивка смрт, предизвикана…

October 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ние сме една од ретките земји што имаат стратешко партнерство со САД

За време на работната посета на Австралија, дадов две интервјуа за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, на македонски и англиски…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?