Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Кацарска сака да им го укине зголемувањето на пензионерите, а бара повисока плата – од СДС молк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Кацарска сака да им го укине зголемувањето на пензионерите, а бара повисока плата – од СДС молк
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Кацарска сака да им го укине зголемувањето на пензионерите, а бара повисока плата – од СДС молк

Објавено November 22, 2025 12:42
Сподели
Сподели

Членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денес обвини дека уставната судијка Добрила Кацарска, позната по судските одлуки за 27 април и брзото назначување на функцијата со поддршка од СДС, поднела иницијатива за укинување на линеарното зголемување од 7.000 денари на пензиите.

Манасиевски тврди дека истовремено Кацарска бара повисока лична плата, која веќе изнесува околу 100.000 денари.

„Додека дел од судиите и обвинителите блиски до структурите на СДС, со доверба од едвај 2%, бараат енормни покачувања до над 6.000 евра, Кацарска по нивна насока бара кратење на пензиите“, изјави Манасиевски.

Тој порача дека токму СДС ја „крахирале економијата и го контаминирале судството“, а сега преку судиски кадри се обидуваат да им ги одземат парите на пензионерите.

„Во нивно време пензионерите добиваа по 150 денари. Денес, додека тие молчат, нивни инфилтрирани кадри во правосудството бараат европски плати, а притоа сакаат да ги скратат пензиите. Чест на исклучоци, но најголемиот дел од овие кадри немаат ниту срам ниту образ“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт економијата ќе расте, а со тоа и пензиите и платите.

Од партијата побараа СДС јавно да се огради од иницијативата на Кацарска за укинување на зголемувањето на пензиите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Грк повреди 23- годишна битолчанка кај Меџитлија
Следна Статија Пирс Броснан се враќа во улогата на Џејмс Бонд?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски од Брвеница: СДСМ, ДУИ и Левица се обединија затоа што се жедни за власт и поради гнев кон ВМРО-ДПМНЕ

На локалните избори пораките обично се однесуваат на проблеми кои се насочени кон потребите на локалното население, кон општината, селото…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Јавното обвинителство да не се осмелува да го штити Филипче и да отвори истрага за него за Модуларната во Тетово

Пет дена презентираме сознанија за вистината за Модуларната болница, кои до нас дојдоа од свиркачи, а според информациите кои ние…

June 5, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија

Според сите анкети, според јавното мислење, но и според граѓаните и перцепцијата, генерално, јасно е дека на овие локални избори…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11…

July 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?