Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Срамен и скандалозен „одговор“ на Трипуновски за мега – скандалот со ИПАРД средствата

Објавено November 23, 2025 14:32
Сподели
Сподели

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер, Љупчо Николовски, реагира на срамниот одговор на министерот Трипуновски за скандалот со суспензијата на ИПАРД средствата, кој воопшто и не содржи никакви информации ниту пак одговори.

„Срамен и скандалозен „одговор“ добив од Министерството и Министерот во заминување на моите официјални барања. Барања во кои побарав јасно и конкретно:

* причините за суспензијата на ИПАРД,

* времетраењето на блокадата,

* бројот на загрозени корисници,

* последиците за земјоделците,

* и планираните чекори за надминување на кризата.

Наместо одговор на овие пет клучни точки, добив документ кој воопшто не одговара на ниту едно прашање. Нема факти, нема рокови, нема план.

Собранието е понижено со ваков однос од министер кој и понатаму молчи, бега од пратенички прашања и одбегнува какво било соочување.

А додека тој бега, земјоделците остануваат со блокирани исплати, блокирани проекти и замрзнати 130 милиони евра, без ниту една информација кога и дали проблемот ќе биде решен.

Како претседател на Комисијата ќе продолжам да барам вистински одговори, затоа што институциите не смеат да молчат, а земјоделците не смеат да бидат оставени сами.“ стои во објавата на Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Берзански идни договори на Dow Jones: Акциите се подигаат, но чекајте на ова; Nvidia, Apple, Eli Lilly во фокус
Следна Статија Рекордни цени на недвижности во Србија: Квадрат во „Белград на вода“ достигна 9.805 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака…

May 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени

Нова инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави, стартот…

May 4, 2025

Интел добива унапредување на акциите пред извештајот за заработувачка поради јачината на серверските CPUs

Интел (NASDAQ:INTC) се подготвува да го објави извештајот за четвртиот квартал во четврток, при што извештајот за заработувачка ќе биде…

January 23, 2026
ЕКОНОМИЈА

Само половина од населението е финансиски писмено, а учениците знаат само основни поими

Финансиската писменост кај учениците во Македонија останува претежно на ниво на основни поими, но не и на практична примена, покажала…

March 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?