Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Доделени вкупно 33.682 ваучери, 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Доделени вкупно 33.682 ваучери, 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди
МАКЕДОНИЈА

Митева: Доделени вкупно 33.682 ваучери, 11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди

Објавено November 23, 2025 17:23
Сподели
Сподели

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари. Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и подигнале нов електронски уред.

-Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција.

Митева нагласи дека мерката е внимателно планирана и спроведена во соработка со ресорните министерства.

-Оваа мерка не е случајна ниту пак импровизирана. Прецизно и навремено испланирнаа од страна на генералниот секретеријат на Владата во блиска соработка со Министерството за дигитализација и Нинистерството за образование и наука. Оваа институционална координација ни овозможи брза организација на постапките, јасни критеируми за студентите, технички усогласен систем за доделување и реализација на ваучерите и висока транспарентност на процесот, појасни таа.

Според Владата, целта е намалување на дигиталната нееднаквост и поттикнување на дигиталната трансформација во образованието, а мерката ќе продолжи со следење на реализацијата кај овластените трговци и подготовка на нови политики насочени кон модернизација на образовниот систем.

-Владата покажа дека инвестициите во знаење технологија и млади се наш приоритет а исполнувањето на ова ветување е доказ дека државата функционира во служба на граѓаните. Ја намалуваме дигиталната нееднаквост и ја поттикуваме дигиталната трансофрмација, нагласи Митева.

Во врска со прашањето за исплатата на ДДВ на граѓаните или фирмите, дали Владата има пари за тоа, односно зошто доцни исплатата, Митева соопшти дека исплатата се одвива регуларно, а за сите недостатоци или потенцијален застој ќе информираат дополнително.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановски: Железницата вози со 10 км/ч на пруги поставени во 60-тите
Следна Статија Xbox Распродажба за Црн Петок 2025: Игри по најниски цени досега

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Над 400 македонски граѓани побарале информации за евакуација

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија информира дека, согласно последните податоци добиени од дипломатско-конзуларните претставништва, повеќе…

March 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден македонските граѓани рекоа „не“ за промена на името, Заев и екипата не ги послушаа

На денешен ден 30 септември во 2018 година се одржа референдум за смена на уставното име на Република Македонија со…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба на Мицкоски и Орбан, продолжува владиниот самит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта  во рамки на унгарско-македонскиот владин самит ќе оствари средба со неговиот домаќин унгарскиот премиер…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?