Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претставена Националната стратегија за соработка со дијаспората
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претставена Националната стратегија за соработка со дијаспората
МАКЕДОНИЈА

Претставена Националната стратегија за соработка со дијаспората

Објавено November 26, 2025 13:03
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со дијаспората 2025–2030“, како петгодишен план за развој на соработката со претставниците од дијаспората, иселениците и припадниците на македонското национално малцинство.

Министерот Муцунски посочи дека тоа не е само документ, туку презентација на одлучноста на државата вистински, системски и долгорочно да се посвети на иселениците.

– Ова не е Стратегија напишана зад затворени врати, туку во партнерство: институции, експерти, организации, професионалци и, најважно, дијаспората. Таа значи дека Владата ги слуша вашите потреби, предлози и критики. Оваа Стратегија значи дека државата се менува кон модерна, дигитална, достапна и доверлива администрација. Значи дека државата создава систем, а не импровизација; партнерство, а не протокол; долгорочна визија, а не ад-хок мерки“, додаде рече Муцунски.

Тој ја посочи културата како најсилниот дипломат на државата, бидејќи ја пренесува нејзината душа и идентитет, кој продолжува да живее и преку дијаспората.Според него институционалната поддршка за културата, образованието и јазикот е клучна, бидејќи токму јазикот и знаењето се корените што ја чуваат нашата посебност во глобализираниот свет.

Стратегијата, како што рече, ја зајакнува националната самобитност и преку развојот на спортот и спортската дипломатија, чии успеси допираат до милиони. Притоа истакна дека со инклузивниот пристап при изработката на документот, државата се гради заедно со сите граѓани, без разлика дали живеат во земјата или во странство, гледајќи на дијаспората не како на „заминати“, туку како мостови на соработка, амбасадори и партнери.

На јавната дебата свои обраќања имаа и неколку министри од клучни ресори важни за подобрување на односите на матичната земја со дијаспората.

Во рамки на собирот претставниците од дијаспората, граѓанскиот сектор и академската заедница имаа можност да дебатираат на темите опфатени во Стратегијата, која во следните неколку дена ќе биде отворена за јавноста, а секоја заинтересирана страна ќе може да даде дополнителен придонес за нејзино понатамошно подобрување.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп помилува две мисирки, на шега ги нарече Ненси Пелоси и Чак Шумер
Следна Статија Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска предложени за судија во ЕСЧП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема ризици по безбедноста и суверенитетот на државата од случувањата во Србија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека согласно информациите со кои располагаат клучните безбедносни институции во…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Штедна книшка и подароци од Арсовска за првороденото бебе во 2025 година

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ги посети мајката и првороденото бебе на ГАК во 2025 година во Скопје. Им однесе…

January 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Koцарев: Враќањето на името Македонија е единствениот исправен пат

„Остварување на македонското национално единство и враќање на името Македонија се единствениот исправен пат, по кој треба да зачекорат денешнава…

October 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Данела не се појави ниту на една од опожарените депонии

Додека во Скопје горат Вардариште, Дрисла и електронскиот отпад во Трубарево, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска – ја нема,…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?