Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ацевски: Мерките за спречување родово и семејно насилство не се доволно ефикасни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ацевски: Мерките за спречување родово и семејно насилство не се доволно ефикасни
МАКЕДОНИЈА

Ацевски: Мерките за спречување родово и семејно насилство не се доволно ефикасни

Објавено November 27, 2025 16:58
Сподели
Сподели

Заклучокот од Конечниот ревизорски извештај за имплементација на Истанбулската конвенција покажува дека преземените мерки за заштита од родово базирано и семејно насилство во државата не се доволно ефикасни, изјави државниот ревизор Максим Ацевски на настанот по повод објавувањето на Конечниот ревизорски извештај за успешност на тема „Имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција).

-Од самиот заклучок на ревизорскиот извештај може да забележите дека заклучокот е негативен, односно преземените мерки и активности за заштита од родово базирано насилство и семејно насилство од страна на државата не се доволно ефикасни. Затоа треба да се преземат дополнителни мерки за зголемување на нивната ефикасност, порача Ацевски.

Според Националната стратегија за заштита од семејно и родово насилство 2018–2023 година, од предвидени 52 активности, 48 проценти се имплементирани, 32 отсто не се реализирани, а 18 проценти се делумно спроведени.

-Ова укажува на притисоци во делот на човечки ресурси во центрите за социјална работа, недоволна територијална застапеност на засолништа и предизвици во соработката со невладиниот сектор, додаде Ацевски.

Тој потсети дека Истанбулската конвенција е донесена во 2011 година, ратификувана во 2017, а измените на Кривичниот законик се направени дури во 2023 година.

-Потребно е да изградиме култура на превенција, бидејќи превенцијата е поважна од репресивните мерки, истакна ревизорот.

Според податоците, во земјава се регистрирани околу 6.282 случаи на родово и семејно насилство, од кои над 60 проценти се со телесни повреди, а околу 30 отсто се животозагрозувачки. Ацевски очекува препораките од извештајот да бидат основа за подобрување на системот и намалување на бројот на случаи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Итен состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно
Следна Статија СДСМ обвинува дека Владата подготвува враќање и амнестија за Груевски, Филков им одговори да не ја „замајуваат“ јавноста

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради спортски настан, информираат од Министерството за внатрешни работи и апелираат…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ова што се случува со Владата на Жељазков се разбира дека се одразува на односот кон актуелните прашања

Сите бугарски влади досега имаа проблем со опстојувањето и ова што се случи со Владата на премиерот Росен Жељазков, некако…

December 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува четиридневна посета на земјите од Западниот Балкан, во чии…

October 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Подготвен сум да го воскреснам Скопје

Благодарен сум на мојата партија која ми ја укажа довербата да бидам кандидат за градоначалник на Град Скопје, рече Орце…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?