Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес
МАКЕДОНИЈА

Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес

Објавено November 27, 2025 19:17
Сподели
Сподели

Пратеникот Сергеј Попов од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се обрати на 71. седница на Собранието, посветена на пратенички прашања. Во своето излагање, тој отвори три значајни теми за младите во земјава, како состојбата со младинската невработеност и мерките за самовработување, исполнувањето на домашните задачи, како и актуелната мерка на Владата за доделување 55.000 ваучери за купување електронски уреди за студентите, и истите ги упати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Попов најнапред посочи дека младинската невработеност, е една од главните причини поради кои младите ја напуштаат државата и подоцна формираат семејства. Тој истакна дека самовработувањето е директен начин за младите да изградат сопствени бизниси и да придонесат кон економскиот раст: „Оттука, моето прво прашање би било, бидејќи знаеме дека пред некој ден се доделуваа решенијата за самовработувањето, во Владата на Република Македонија, моето прашање е: Колку договори односно ваучери за самовработување се издадени до сега и колку средства се издвоени за оваа мерка, во рамки на Оперативниот план за вработување?“, рече Попов.

Второто прашање на Попов се однесуваше на напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи, што според него, ова е од значаен младински интерес.

„Второто прашање би ми било во делот на она што многу млади луѓе ги интересира, а тоа е до каде сме со онаа работа која што популарно во јавноста се нарекува завршување на домашната задача. Пред неколку денови имавте средба со претставници на ЕУ. Дали можеби можете да ни откриете повеќе детали околу тоа како планираме да ги исполниме обврските од тој план? Бидејќи како што напоменав, на секој млад човек, на сите мои врсници, исполнувањето на домашната задача односно завршувањето на реформите овде дома во Република Македонија, е прашање кое што е од особен младински интерес“, истакна Попов.

Попов го отвори и прашањето за мерката со која Владата им доделува ваучери на 55.000 студенти за купување електронски уреди. Тој нагласи дека ова не е само мерка, туку инвестиција во дигиталната писменост и иднината на младите.

„Кога една влада презема обврска кон младите, особено кон студентите, тоа не е само мерка, тоа е инвестиција во иднината на државата. На самите 100 дена од мандатот на новата Влада, ја најавивте мерката за финансиска поддршка за купување на електронски ваучери од 15 300 денари. Мерка која што значи вложување во младите и во нивната дигитална независност и дигитална писменост. И затоа моето трето прашање е: Дали располагате со податок колку студенти до сега ја искористиле мерката за ваучери во вредност од 15 300 денари за електронски уреди и колку средства во буџетот се издвоени за оваа мерка?“, заклучи Попов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уставен суд: Сè уште не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување на пензиите, во тек е втората фаза од постапката
Следна Статија Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за струја, а градинките и училиштата ни се приоритет, не платите на судиите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кај и да си, за Бадник дома да си

Во македонската народна традиција, малку изреки имаат толку силно значење и универзална примена како „Кај и да си, за Бадник…

January 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Како Македонија котира во изборот за најмирни земји во светот

Годинава е 17-то издание на Глобалниот индекс за мир, кој рангира 163 независни држави и територии според нивното ниво на…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силвија Думинуцо од Италија ја бара биолошката мајка во Македонија

Дваесет и седумгодишната Силвија Думинуцо живее во Италија заедно со Енцо и Лилијана Думинуцо кои ја посвоиле во 2003 година.…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Лани Македонците „уплатиле“ 209 милиони евра во спортските обложувалници, просечната уплата по тикет била 269 денари

Минатата година македонските граѓани оставиле над 209 милиони евра (12,86 милијарди денари) во спортските обложувачници, покажуваат податоците на Управата за…

August 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?