Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за струја, а градинките и училиштата ни се приоритет, не платите на судиите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за струја, а градинките и училиштата ни се приоритет, не платите на судиите
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги субвенционира сметките за струја, а градинките и училиштата ни се приоритет, не платите на судиите

Објавено November 27, 2025 19:42
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања говорејќи за Планот за раст и Реформската агенда појаснувајќи детално за чекорите и законите кои треба да се имплементираат истакна дека до крајот на оваа година ќе се работат дел од чекорите и процедурите, тие кои ќе заостанат ќе бидат сработени во првите три месеци од следната година и ќе можеме да го фатиме чекорот.

„Законот за аудиовизуелни услуги е дел од Министерството за дигитална трансформација и е готов генерално, со тој закон сакавме да бидат и деловите кои се однесуваат на “roam at home“ односно кога младите ќе патуваат низ Европа да не плаќаат роаминг, но тоа ќе се имплементира следната година, а ние имаме амбиција законот да го донесеме оваа година, а следната преку амандмани да интервенираме за роамингот“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека следен чекор кој е важен се измените во Изборниот законик кои треба да бидат усогласени со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и дека тоа зависи од политички консензус, а бидејќи е реформски закон може да се постигне тој консензус и да се донесе до крај на година со вклучени препораки на ОБСЕ и ОДИХР.

„Следниот чекор е исто така значаен кој не можеме да го исполниме, а се однесува во делот на енергетиката, а тоа е целосна либерализација на пазарот за електрична енергија, пред сѐ, се мисли на домаќинствата, затоа што ако Владата престане да ја субвенционира електричната енергија за домаќинствата тогаш цената ќе поскапи за отприлика 30% до 35% и тоа ќе предизвика инфлација и ќе има верижен ефект врз многу други процеси, и затоа ние како држава продолжуваме да ги субвенционираме сметките за електрична енергија за домаќинствата и сите на регулираниот пазар“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека следен чекор кој исто така е важен се законите во ресорот правда.

„Тоа се законите јавно обвинителство, за судови, за јавно обвинителска служба и за служба во судовите кој се однесува за две работи, едната е да можат судовите и обвинителствата да вработуваат само со одобрение на Судски совет и Совет на јавни обвинители, а Владата да ја информираат, што е во ред, но не можеме да се согласиме со тие средства кои треба од буџетот да ги одвојуваме за да бидат зголемени примањата, ако се жалат со 3-4.000 евра месечни примања, тогаш како им е на дечињата во градинка кои немаат па играчки за играње. Тој е буџетот, го украле, останале малку пари, тоа што останало ние се трудиме да менаџираме како што треба, реновираме градинки, училишта, цениме дека е поголем приоритет отколку да ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Мислиме дека е фер“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот додаде дека следен чекор кој помина на владина процедура е новиот закон за Судски совет и се усогласува со Канцеларијата на Европска Комисија и за брзо ќе се најде во Собрание.

„Потоа е делот на објавување на регистар на компании во кои државата има некаков удел, не доминантен, туку некаков удел, тоа се претпријатија во кои државата е сопственик, законот заедно со професори од Правен факултет го направивме, го доставивме до Министерство за економија и труд и Министерство за европски прашања и очекуваме скоро да се усогласи и во декември да се најде во Собрание. Понатаму има дел во кој давачки и процедури кои треба во три институции да бидат усогласени тоа се Централен регистар, Малмед, односно Агенцијата за лекови и Министерството за економија и труд во делот на Централен регистар е завршено тоа се шест, во Малмед се 19, десет усогласени, девет ќе се усогласат и останува уште три во Министерство за економија и труд и ова ќе биде завршено во рамките на оваа година. Понатаму имаме либерализација на железнички сообраќај, во делот на инфраструктура, транспорт, и веќе се реализираше состанок со Канцеларијата на Европската Комисија договорени се активностите. Имаме комплетирање на вработувања во рамките на Агенција за одземен имот, и работните места ќе бидат пополнети“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Попов: Напредокот на државата во исполнувањето на домашните задачи е од значаен младински интерес
Следна Статија Македонија ЦУК: Поради свлечиште загрозени се четири куќи во тетовското село Шипковица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка остварија средба со директорката на Управата за јавни приходи, Елена…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој на инфраструктурата

Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица

Канадската компанија „Магна мехатроникс“ денеска отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата во новиот капацитет со површина од…

April 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Српската Алта банка официјално ја презеде Стопанска банка Битола

Српската „Алта банка“ официјално стана нов сопственик на „Стопанска банка Битола“, откако нејзината понуда беше прифатена од вкупно 262 акционери.…

October 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?